ПРЕКУ СДСМ ЗБОРУВА БАШАНОВИЌ, ПИ-АР ШЕФОТ НА ФИЛИПЧЕ Го користи за да ги навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
Пи-ар шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДСМ ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на денешната прес-конференција.
– Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДСМ, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат. Доказ за тоа дека Филипче и СДСМ слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДСМ, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и правописни грешки.
Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува. СДСМ со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат. Едниот криминалец со тапија, а другиот без.
Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби – рече Манасиевски на пре-конференцијата.
.
Извор: plusinfo.mk