Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЛАСАЈTЕ ЗА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, А НЕ ЗА ЕТНИЧКИ ПОДЕЛБИ Предизборна порака од Мицкоски до граѓаните на Брвеница
Македонија

ГЛАСАЈTЕ ЗА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, А НЕ ЗА ЕТНИЧКИ ПОДЕЛБИ Предизборна порака од Мицкоски до граѓаните на Брвеница

30/10/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека во вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има повеќе гласови од освоените во првиот круг, бидејќи, како што потенцира, се обраќале до сите жители на општината без разлика на верска или етничка припадност. За разлика од ова, нагласи премиерот, од опозицијата со кампањата создаваат етнички поделби без да бидат свесни за тоа дека жителите ќе останат таму да живеат заедно и по изборите. Пораката која ја упати до граѓаните во пресрет на вториот круг во Брвеница е да гласаат за проекти за подобар живот, а не за етнички или какви било други поделби.

– Денеска кон крајот на денот ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница. Во првиот (круг) имавме најмногу гласови, речиси 3.000, сега очекуваме и тој број на гласови да го зголемиме. Нашата цел е да освоиме над 4.000 гласа и со тоа цениме дека ќе имаме победа во Брвеница. Ние, за разлика од политичките партии коишто се обединија околу противкандидатот, се обраќавме на жителите на Брвеница. Тие создаваа етничка поделба без притоа да водат сметка дека тие ќе заминат по изборите, а таму ќе останат луѓето да живеат заедно – Македонци и Албанци, христијани и муслимани и останати. За жал водеа една кампања којашто не доликува за 21 век, но тоа е што е – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба.

Премиерот додаде дека од опозицијата мислат оти на таков начин ќе добијат градоначалник повеќе во Брвеница, но оти по изборите ќе се види каков ќе биде резултатот.

– Мојата порака и до жителите на Брвеница и до македонската јавност е дека кога одлучуваат за кого да го дадат својот глас, треба да одлучуваат дали да го дадат својот глас за оние коишто имаа можност во минатото повеќе од две децении да направат нешто, а не направија ништо, односно оставија нула или за овие коишто сега прават се што, за жал, во минатото не било направено. И тука нема етничка поделба. Затоа јас би сакал уште еднаш да упатам порака до жителите на Брвеница и жителите на Македонија дека ако сакаме да одиме напред, мораме да зборуваме за проект повеќе и да зборуваме за додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, а не да се враќаме на политиките од минатиот век – порача премиерот.

Кампањата базирана на етнички поделби, според него, е гума за спасување на политичари кои припаѓаат во минатиот век и кои така ја гледаат оваа кампања во Брвеница. Но, нагласи Мицкоски, на крајот од денот во недела ќе видиме каков ќе биде резултатот.

– Очекувам да помине денот мирно, да нема поголеми инциденти и на тој начин да покажеме дека сме зрела демократија, што всушност и го покажуваме, бидејќи мирот кај нас не е доведен под знак прашање, додека во околината, во соседството, па и насекаде во Европа имаме прилично тензична состојба во одредени градови – изјави Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕКУ СДСМ ЗБОРУВА БАШАНОВИЌ, ПИ-АР ШЕФОТ НА ФИЛИПЧЕ Го користи

30/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА ОЧЕКУВА ОДГОВОР ОД СТУДЕНТИТЕ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Мицкоски на

30/10/2026
Македонија

ГЛАСАЈTЕ ЗА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, А НЕ

30/10/2026
Македонија

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВСКО Малолетник е тешко повреден

30/10/2026
Македонија

ВО ЕУ САМО ПО ЗАСЛУГИ Црна Гора ветува силна поддршка

30/10/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ И СТУДЕН ВИКЕНД Пообилни врнежи ќе има в недела

30/10/2026
Македонија

„ВИНОВЕН СУМ, САМ ОДЛУЧИВ“ Потпалувачот на двете дипломатски возила на

30/10/2026
Македонија

ОД 1 МАЈ АВИОНСКА ВРСКА МЕЃУ СКОПЈЕ И ЈАДРАНОТ Два

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46456
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕКУ СДСМ ЗБОРУВА БАШАНОВИЌ, ПИ-АР ШЕФОТ НА ФИЛИПЧЕ Го користи за да ги навредува Македонија

30/10/2026

Пи-ар шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДСМ ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ – рече портпаролот на

ВЛАДАТА ОЧЕКУВА ОДГОВОР ОД СТУДЕНТИТЕ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК Мицкоски на средбата го објаснил и предлогот

30/10/2026

Владата очекува повратен одговор од студентите за предлогот за измена на моделот на субвенционираниот студентски оброк, откако на двочасовна средба

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВСКО Малолетник е тешко повреден

30/10/2026

Во нов случај на врсничко насилство тешко повредено е 14-годишно дете нападнато во училиште во Тетовско. Како што соопшти СВР

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy