ВИДЕО: Инциденти на стадион, се апсеа и навивачи!
Сериозен инцидент се случи околу 20 часот на Арената „Тодор Проески“, каде навивачите на бугарскиот тим Левски започнаа турканици, а потоа и физичка пресметка со македонската полиција.
По кратко време полицијата уапси неколку навивачи кои со лисици на раце беа изнесени од стадионот и упатени во полициска станица.
Според информациите, уапсени се најмалку тројца навивачи на Левски, а засега нема информации за повредени.