Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) БРОДСКА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Загинаа седум луѓе меѓу кои и три деца
Регион

(ВИДЕО) БРОДСКА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Загинаа седум луѓе меѓу кои и три деца

03/04/2025

AA

Има седум загинати, меѓу кои и три деца во бродска несреќа кај островот Лезбос во Грција. 

Три деца, три жени и еден маж загинаа во близина на грчкиот остров Лезбос кога петметарскиот гумен чамец на кој, според преживеаните се пренесувало 31 лице, почнал да се полни со вода, а Крајбрежната служба на Грција спаси 23 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба попладнево информираа дека во раните утрински часови патролен брод при редовна патрола северно од Лезбос, го забележал чамецот што потонал да се полни со вода, а повеќето од патниците биле во морето и веднаш почнала спасувачка акција во која била спасени 11 деца, осум мажи и четири жени.

Од морето биле извлечени седумте безживотни тела, а акцијата продолжува, со оглед на тоа што веројатно еден од патниците е исчезнат, доколку се точни тврдењата на преживеаните дека во чамецот имало 31 лице.

Спасените биле пренесени, првично на пристаниште, а оттаму во прифатниот центар за бегалци и мигранти на Лезбос, додека во прелиминарната истрага 20-годишен бил посочен како криумчар од преживеаните и е уапсен. 

фото Крајбрежна служба на Грција

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy