
Нов биланс: Повеќе од 3000 лица загинаа во земјотресот во Мјанмар
Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди Мјанмар пред речиси една недела се искачи на 3.145, објавија локалните медиуми.
Во соопштението се наведува дека 4.589 лица се повредени, додека 221 лице се водат како исчезнати, пренесе Ксинхуа.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала бил во близина на Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.
Земјотресот урна илјадници згради, оштети патишта и уништи мостови во неколку региони.
Локалните медиуми објавија дека бројот на загинати е многу поголем од официјалните бројки, а поради прекинот на телекомуникациите и тешко достапните области, се очекува бројките да се зголемат.
Земјотресот е почувствуван и во Бангкок, каде се урна недовршена зграда.
Потрагата по преживеани продолжува во урнатините.
Во Бангкок загинаа 22 лица, а 35 се повредени, главно поради уривање на недовршен облакодер, пренесува Танјуг.