
ФОТО: Средба Мицкоски – Филипче во Влада
Попладнево во Владата се одржува средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Се очекува Филипче на средбата во Владата да му го образложи на Мицкоски неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог.
Инаку, ова е прва средба меѓу нив по стапувањето на функциите.