
Вест Хем потврди дека ќе го исполни ветувањето: Деклан Рајс може да си оди!
За Рајс ептен притиска Микел Артета за да го донесе во Арсенал, но многу загреан е и Баерн Минхен, а се поврзуваше фудбалерот за врска и со Манчестер јунајтед и Челси. Каде ќе замине е неизвесно, но Саливен веќе очекува уште од денеска да почнат да доаѓаат богатите понуди.
„Му ветивме на Деклан дека ќе дозволиме да си оди. Тој е желен за нов предизвик, ги одби нашите 200.000 фунти неделно уште пред 18 месеци и мислам дека веќе може да почне да доаѓаат понудите. Знам дека има три-четири клубови кои се силно заинтересирани“, објави Саливен.
Рајс го предводеше Вест Хем вчера до трофејот во Конференциската лига, а пред две лета со Англија дојде до европската вицешампионска титула на Еуро 2020.
