Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?
Економија

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

09/06/2023

AA

Повеќето
македонски пензионери се жалат дека им е тешко поради ниските пензии, а оние
кои се во добра здравствена состојба, работат на село, произведуваат храна,
продаваат на пазарите, чистат, чуваат постари лица, со цел да заработат.

Сепак, оние кои
се соочуваат со здравствени проблеми велат дека тешко опстануваат, а не се во
состојба да заработат некој денар плус.

„Пензиите се
мали. Јас земам 12.000 денари и со тие пари не може да се живее. Штедиме,
децата ми помагаат. Не можам да работам, имам здравствени проблеми“, вели Зага
Димовска, пензионерка.

Објаснуваат дека
мораат да балансираат меѓу приходите и расходите, меѓу желбите и можностите за
да опстанат.

„Ќе видиш нешто,
а не можеш да го купиш. Има луѓе кои си поседуваат ниви, си работат или чуваат
постари луѓе. Мене ме нудеа да чувам некоја постара жена, но не сум способна. И
да сакам не можам“, рече Снежана Андоновска, пензионерка.

Пензионерите
велат дека само ако некој поседува земјиште и куќа на село, се исплати да си
произведува храна за своите потреби, а ако нешто му остане да продава.

„Работат, садат
20 корења домати, за свои потреби, а стока не чуваат пензионерите кои ги знам,
поради свинската чума, поради болеста. Ги имам сите дијагнози, јас не можам да
работам“, рече Владанка Тричковиќ, пензионерка.

Пензионерот Бекир
Зекири вели дека проблем во нашето општество е што многу пензионери финансиски помагаат на
децата и внуците кои се без работа.

„Јас немам
потреба да работам, имам доволно. Моите деца се добри, независни се, не ми
бараат да им помагам и затоа мене парите ми стигаат. Тоа е главен фактор. Има
луѓе што имаат добри пензии, но помагаат деца и немаат пари“, рече Зекири.

Занаетчиите и во
пензионерските денови заработуваат нешто плус, затоа што овие струки се
дефицитарни.

„Оние што се плочкари, фасадери
работеа, но другите занаетчии тешко, затоа што работата, дуќаните ги оставаат
на помладите, на децата“, вели Фисник Сарачи извршен директор на регионалната
занаетчиска комора во Дебар.

И во конфекциите
некаде може да се најдат пензионерки во работниот процес, затоа што младите
немаат интерес за оваа работа.

„Се случува да
дојдат пензионерки кои се млади, а имаат пензија наследена од сопругот. Тоа се
сепак помлади жени. Ги ангажираме со договор 
на дело, додека оние вистински конфекциски работнички сакаат да си
останат дома откако ќе влезат во пензија, затоа што се истрошени во работниот
век“, велат од штипска конфекција.

Во
државата, пензија нешто над 1.000 евра земаат 408 пензионери. Во максималните пензии,
како што ги води и статистиката на Фондот за ПИОМ спаѓаат и оние од 48.304
денари, потоа  од 50.320 денари и од 51.840 денари, а со вакви пензии има
1.073 пенионери.

Најниски пензии пак имале
35.478 од вкупно 334.057 пензионери, или 10,6 проценти живееле
во март со пензии од 11.897 денари до 15.250 денари.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy