Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?
Македонија

Кој се возел најмногу, а кој најмалку со владиниот авион?

17/02/2026

AA

Од средината на 2024 до крајот на 2025 година, владиниот авион бил употребен околу 40 пати, а најчесто летал кон Будимпешта, покажуваат податоците обезбедени од Службата за општи и заеднички работи, кои ги пренесува Телма.

„Дури седум пати авионот полетал кон престолнината на Унгарија во периодот откако ВМРО – ДПМНЕ состави влада во јуни 2024 година“, објави Телма, додавајќи дека од министрите најмногу летал министерот за транспорт и врски и заменик претседател на Владата, Александар Николовски, кој го користел авионот 11 пати, од кои шест до Будимпешта.

Преку документите се забележува и дека авионот бил упатен на сервис во германскиот град Нирнберг на 12 јануари лани, по што бил искористен за лет до Будимпешта со Николовски во делегацијата. Министерот патувал и до Лондон, Прага, Виена и Истанбул, при што некои летови биле преку Охрид.

Покрај Николовски, најмногу го користела и претседателката Гордана Силјановска Давкова – 13 летови, меѓу кои до Тиват, Подгорица, Тирана, Рим, Истанбул и Копенхаген. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, летал седум пати, а премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Муцунски по три пати.

Документите покажуваат дека два лета биле медицински и за евакуација на граѓани, а авионот се сервисирал девет пати. Летовите се финансираат директно од буџетот, кој го полнат граѓаните, а планот е да се набави уште еден ваков авион.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нов пожар кај Штип: Гори борова шума меѓу Долани и

14/06/2026
Македонија

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17

14/06/2026
Македонија

МојДДВ не работи

14/06/2026
Македонија

Али Ахмети најави повлекување од ДУИ

14/06/2026
Македонија

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на

13/06/2026
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нов пожар кај Штип: Гори борова шума меѓу Долани и Љуботен, едно лице повредено

14/06/2026

Голем пожар денеска го зафати теренот помеѓу штипските села Долани и Љуботен. Екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни

14/06/2026

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека разговорите за реконструкција на Владата ќе почнат по одбележувањето на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ на 17

МојДДВ не работи

14/06/2026

Апликацијата „МојДДВ“ веќе трет ден се соочува со проблеми во функционирањето. Корисниците известуваат дека не можат да ги скенираат своите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy