Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вардар со три засилувања и двајца повратници се „чекира“ на Златибор!
Спорт

Вардар со три засилувања и двајца повратници се „чекира“ на Златибор!

15/07/2023

AA

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, екипата на Вардар, денеска се „чекира“ на Златибор (Србија), каде што ќе одработи дел од подготовките за првата прволигашка сезона по двете сезони товорење во Втората лига, на кои тренерот Бобан Грнчаров ќе може да смета на три нови засилувања и на двајца повратници.

Со црвено–црната експедиција отпатува и македонскиот репрезентативец Владица Брдаровски, кој повторно го носи вардаровиот дрес, Ласо Фигураедо Педрињо, кој доаѓа од бугарскиот тим Минјор Перник, како и Лука Трајковски, фудбалер кој претходно настапуваше за екипата на Победа Прилеп. Покрај нив во екипата се вратија Мартин Блажевски, кој минатата полусезона настапуваше како позајмен играч во тимот на ФК Скопје и Бењамин Демир, кој по пауза од неколку месеци повторно е подготвен да се бори за црвено црните.

„Ја информираме јавноста дека сме во преговори со уште неколкумина фудбалери, кои во наредниот период би требало да го засилат тимот. Можно е дел од нив уште деновиве да му се приклучат на остатокот на екипата, на подготовките на Златибор“, велат од таборот на Вардар.

Вардар договори четири пријателски средби за време на престојот во северното соседство и тоа против Металац Горњи Милановац (17 јули), Бокељ Котор (20 јули), Смедерево (23 јули) и против Дубочица на 28 јули.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Десет возачи приведени поради безобѕирно управување, девет возеле без дозвола

24/08/2026
Македонија

Семејство од гостиварско пријавило физички напад во Долна Матка по

24/08/2026
Македонија

Почина бизнисменот Огњан Циговски

24/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Потврдени 44 случаи, пет лица починаа

24/08/2026
Македонија

Го убедила партнерот од Косово дека е бремена, па од

24/08/2026
Македонија

Цело Скопје се гуши во чад, пожари на повеќе страни

24/08/2026
Македонија

Пожарникарите спасија мало теле на Китка

24/08/2026
Македонија

Нова закана за цените на храната: Наесен се очекува нов

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45215
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Десет возачи приведени поради безобѕирно управување, девет возеле без дозвола

24/08/2026

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава поради сомнение за сторено

Семејство од гостиварско пријавило физички напад во Долна Матка по расправија за чамец

24/08/2026

Инцидент бил пријавен во полицијата по расправија околу прошетка со чамец во Долна Матка, каде семејство од гостиварско тврди дека

Почина бизнисменот Огњан Циговски

24/08/2026

По долгогодишна борба со болест, почина бизнисменот Огњан Циговски, кој со години беше едно од препознатливите имиња поврзани со развојот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy