Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре со затворени раскрсници во Скопје ќе се прави генерална проба за симулациска вежба за земјотрес
Македонија

Утре со затворени раскрсници во Скопје ќе се прави генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

14/10/2023

AA

Наместо обратно со метеж, паркирани возила на трета лента, блокирани раскрсници бидејќи некој поминал на жолто-црвено, утре без сообраќај ќе се прави генерална проба за симулациска вежба за земјотрес во Скопје. Останува да се молиме дека следниот земјотрес нема да се случи или доколку има, да се најави за да може да ги затвориме сите раскрсници во Скопје.

Така Брзата помош, пожарната и полицијата нема да имаат проблеми со метеж во градот, ќе поминат слободно, бидејќи нема да има паркирано возила на трета лента по булеварите, раскрсниците ќе бидат празни, а граѓаните земјотресот ќе го дочекаат дома.

А сега да ве информираме и дека утре од во Скопје, во периодот од 9 до 14 часот, неколку крстосници ќе бидат затворени за сообраќај оти ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба во итна ситуација – земјотрес  „Хуманитарен одговор 2023“  планирана за в среда, во организација на Црвен Крст на РСМ, под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје.

Како што најави Министерството за внатрешни работи, утре од 9 до 14 часот затворени ќе бидат крстосниците: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од крстосница со ул.„Орце Николов“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“) и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

Главниот настан ќе се одржи на 18. месецов (среда) во периодот од 09.00 до 14.00 часот поради што затворени за сообраќај ќе бидат  крстосници: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“), сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45299
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден час

28/08/2026

Иако се работи за само три дена, граѓаните не се откажуваат од краток викенд на море. Фотографии од утрово покажуваат

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy