Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО 66 ЛОКАЛИ И КАЗИНА Алкохол се точел на малолетници, игри на среќа се приредувале нелегално
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО 66 ЛОКАЛИ И КАЗИНА Алкохол се точел на малолетници, игри на среќа се приредувале нелегално

19/10/2026

AA

Малолетници затекнати по полноќ, точење алкохол на деца, незаконско приредување игри на среќа и непријавени работници се дел од неправилностите што ги откриле полициските и инспекциските служби при контролите во 66 угостителски објекти и казина низ земјава.

Акцијата била спроведена ноќта меѓу 17 и 18 октомври, под раководство на Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со секторите за внатрешни работи и надлежните инспекциски служби.

Во еден од контролираните објекти биле затекнати четири малолетни лица по полноќ, додека во два објекта било констатирано точење алкохол на малолетници. Во друг локал било откриено лице кое работело како обезбедување без лиценца и легитимација, а на една локација бил нарушен јавниот ред и мир. За прекршување на Законот за заштита од пушење биле изречени три глоби.

Полицијата привела едно лице кое одбило да се легитимира, како и тројца странски државјани поради нерегулиран престој во државата.

Контролите откриле и незаконско приредување игри на среќа во Кичево. При претрес на локација каде што се одвивала оваа дејност биле затекнати две лица, а биле одземени и предмети поврзани со случајот. По целосно документирање на настанот, најавена е соодветна пријава.

Посебен случај бил регистриран и во прилепскиот регион. На патот во близина на селото Мажучиште полицијата запрела возач кој управувал автомобил под дејство на алкохол. Алкотестот покажал дури 2,04 промили алкохол во крвта, по што лицето било лишено од слобода под сомнение за кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“, според член 297-а од Кривичниот законик.

Во рамките на акцијата, полициските службеници легитимирале 38 лица, извршиле преглед на 61 лице и едно патничко возило, а го утврдиле идентитетот на 31 лице.

Во контролите учествувале и Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, Дирекцијата за заштита и спасување и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Инспекциските служби утврдиле и други неправилности: непријавени работници, работење без потребните одобренија, неиздавање фискални сметки, нерегистрирана дејност, промет во девизи, како и недостатоци во хигиенските услови и противпожарната заштита. За констатираните прекршоци биле преземени соодветни мерки и санкции.

Од МВР најавуваат дека засилените и координирани контроли во угостителските објекти и казината ќе продолжат, во соработка со надлежните институции, со цел откривање и санкционирање на незаконските дејствија и зголемување на безбедноста на граѓаните.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да

19/10/2026
Македонија

МВР МЕЃУ НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА Максимални оценки за интегритет и за

19/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ ЗА 600 ГЛАСОВИ ПОВЕЌЕ ОД ИЗБОРИТЕ

19/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО 66 ЛОКАЛИ И КАЗИНА Алкохол се точел

19/10/2026
Македонија

СДСМ СО ФИЛИПЧЕ СЕ БЕТОНИРАШЕ КАКО ПЕТТА ПАРТИЈА ВО СКОПЈЕ

19/10/2026
Македонија

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА

18/10/2026
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
Македонија

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46249
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да обезбедат бесплатен пристап за граѓаните

19/10/2026

Владите треба да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на

МВР МЕЃУ НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА Максимални оценки за интегритет и за ефикасност

19/10/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) е второ меѓу министерствата според отвореноста, со исполнетост од 75,90 отсто од индикаторите во Индексот

ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ ЗА 600 ГЛАСОВИ ПОВЕЌЕ ОД ИЗБОРИТЕ ЛАНИ Поразот на СДСМ е

19/10/2026

СДСМ сè повеќе тоне, резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДСМ дека имаат помал пораз од последните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy