Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да обезбедат бесплатен пристап за граѓаните до корисни ВИ алатки
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да обезбедат бесплатен пристап за граѓаните до корисни ВИ алатки

19/10/2026

AA

Владите треба да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на вештините и пристапот до јавните услуги, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Министерскиот состанок на Глобалниот самит за вештачка интелигенција во Сеул, Република Кореја.

Андоновски предупреди дека постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу побогатите земји и економиите во развој, како и меѓу граѓаните со различни приходи.

– Земјите што имаат средства да вложуваат во напредни алатки, пресметковни капацитети и во вештини можат забрзано да напредуваат, додека економиите во развој дополнително да заостануваат. Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите – истакна Андоновски.

Министерот нагласи дека достапноста на вештачката интелигенција мора да стане јасен развоен приоритет, а како можни механизми ги посочи заедничкото користење пресметковни ресурси, регионалниот пристап и националните програми за развој.

Во тој контекст, Андоновски го претстави значењето на „Везилка“, македонската антена поврзана со европските фабрики за вештачка интелигенција. Преку неа, компаниите и јавните институции се поврзуваат со европски суперкомпјутерски ресурси, добиваат поддршка за развој на практични решенија и се создаваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик.

Осврнувајќи се на суверенитетот на податоците, министерот истакна дека тој подразбира способност државата да ги развива и проширува сопствените дигитални решенија, да ги заштитува информациите на граѓаните и со доверба да соработува со меѓународните партнери.

– Можноста да се користат придобивките од вештачката интелигенција не смее да зависи од богатството на една држава или од приходите на едно семејство – заклучи Андоновски.

На маргините на самитот, министерот Андоновски ќе оствари и билатерални средби со заменикот претседател на Светска банка, претставници на Република Кореја и со колеги министри, на кои ќе разговара за продлабочување на соработката во дигиталната трансформација и вештачката интелигенција.

 

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГИ ФАТИ ВО ТУНЕЛИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Срби

19/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА Е ДОСТАПНА ДО СИТЕ Владите да

19/10/2026
Македонија

МВР МЕЃУ НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА Максимални оценки за интегритет и за

19/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ ЗА 600 ГЛАСОВИ ПОВЕЌЕ ОД ИЗБОРИТЕ

19/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО 66 ЛОКАЛИ И КАЗИНА Алкохол се точел

19/10/2026
Македонија

СДСМ СО ФИЛИПЧЕ СЕ БЕТОНИРАШЕ КАКО ПЕТТА ПАРТИЈА ВО СКОПЈЕ

19/10/2026
Македонија

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА

18/10/2026
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46250
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГИ ФАТИ ВО ТУНЕЛИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА Срби возеле со 169 и 175

19/10/2026

Двајца српски државјани се лишени од слобода откако системот „Безбеден град“ ги евидентирал како возачи кои на автопатот А1, на

МВР МЕЃУ НАЈТРАНСПАРЕНТНИТЕ МИНИСТЕРСТВА Максимални оценки за интегритет и за ефикасност

19/10/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) е второ меѓу министерствата според отвореноста, со исполнетост од 75,90 отсто од индикаторите во Индексот

ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ ЗА 600 ГЛАСОВИ ПОВЕЌЕ ОД ИЗБОРИТЕ ЛАНИ Поразот на СДСМ е

19/10/2026

СДСМ сè повеќе тоне, резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДСМ дека имаат помал пораз од последните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy