Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?

14/04/2026

AA

Додека бројот на рудари во Македонија опаѓа, светот влегува во интензивна трка за критични минерали неопходни за зелената и дигиталната транзиција.

Големите економии веќе вложуваат значителни средства за да обезбедат стабилно снабдување со ресурси и да ја намалат зависноста од Кина и Русија. САД инвестираат во рударството, особено во бакарни рудници, додека Европската Унија поддржува десетици проекти поврзани со критични суровини.

Во овој контекст, се најавува и нова соработка меѓу Вашингтон и Брисел, која ќе се фокусира на ископ и преработка на минерали како литиум, алуминиум, бакар и никел – клучни за модерната индустрија, енергетиката и технологијата.

Додека главните светски центри инвестираат во рударството, домашниот Завод за статистика објави дека според последните податоци индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9.6%. Дополнително, бројот на работниците во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, во секторот рударство се намалил за 6.3%. Поголем стимул за индустријата се очекува со најавените закони за рударство и геологија, кои се донесуваат за усогласување со европските стандарди и практики. Со нив државата ќе има можност да помага стратешки проекти и да создава листи на стратешки и на критични минерали. Светот веќе ги креира своите политики врз основа на ваквите листи на критични минерали. Помеѓу останатите минерали, на листата на САД се наоѓа и антимонот, за кој во Вашингтон беше обезбедена финансиска поддршка за истражувања и ископ. Сепак, според соопштението на ресорното Министерство, соработката со САД нема да застане тука.

„Настанот се реализираше во рамки на официјалната посета на владината делегација на Соединетите Американски Држави, при што претходно беше одржана билатерална средба со раководството на DFC (U.S. International Development Finance Corporation), на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и поддршка на конкретни проекти. Овој чекор претставува значаен сигнал за зголемен интерес за инвестирање во секторот на критични минерали во Македонија и дополнително ја потврдува стратешката соработка со САД во областа на енергетиката и ресурсите“, се наведува во соопштението на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Властите од двете земји објавија и заедничка изјава од Стратешкиот дијалог, во која се истакнува и олеснувањето на инвестициите во индустријата.

„Договорот е израз на заедничката заложба за развој на алтернативни извори на снабдување со критични минерали, кои се од суштинско значење за одржување на конкурентската предност во глобалната економија. Воедно, двете земји ја истакнаа важноста на отворени и транспарентни инвестициски средини и политики, кои се базираат на цврсти правни рамки, како и олеснувањето на инвестициите и правичните постапки за решавање спорови. Двете земји, исто така, нагласија дека со таквите политики се унапредува долгорочниот економски развој и раст, отворањето нови работни места, зголемувањето на продуктивноста, технолошките иновации и конкурентноста“, се вели во заедничка изјава за Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД.

Неизвесно е кои проекти во иднина би добиле зелено светло од разговорите меѓу Скопје и Вашингтон, но од она што е познато, американските органи до сега го имаат препознаено и капацитетот на бакарот во земјава. Според извештаите на USGS, Геолошкиот завод на САД, кои датираат од пред неколку години, Македонија располага со околу 510 милиони тони бакар. 

И покрај тоа најавите за инвестиции во рударството во изминатиов период се соочуваа со низа пречки. Експертите повеќе пати ги повикаа властите да изготват национална стратегија за рударската индустрија, а компаниите кои сакаат да инвестираат посочуваат дека најголем проблем претставува правната несигурност, која пак е предизвикана поради притисоци од дел од јавноста. Нереализирани останаа најавите за рудник за бакар на Кожув на канадската фирма „Резервоар минералс“, потоа рудникот за бакар во Казандол, а се очекува да се дознае и каква ќе биде иднината на инвестицијата за рудник за бакар во Иловица. На локалитетот „Иловица-Штука“ се проценува дека има околу 410.000 тони чист бакар (во склоп на 237 милиони тони руда), а богат со руда е и локалитетот „Кадиица“ кај Пехчево кој крие најмалку 100 милиони тони бакарна руда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
Македонија

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски

08/10/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази

08/10/2026
Македонија

12 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ВГОДИНА Наместо

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ

08/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје

08/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА Десет наставници ќе ги обучуваат

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА Патувањето ќе трае 50 минути

08/10/2026

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина би можело да профункционира до крајот на 2027 година, а патувањето со воз меѓу

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски повтори дека прашањата за идентитетот

08/10/2026

На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази за упад или прибирање класифицирани

08/10/2026

Основното јавно обвинтелство соопшти дека не утврдило елементи на кривично дело во случајот со сомневањата за неовластен пристап до компјутерскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy