Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Општина Делчево добива нова градинка со капацитет за 130 деца, потпишан договорот за нејзина изградба
Македонија

Тренчевска: Општина Делчево добива нова градинка со капацитет за 130 деца, потпишан договорот за нејзина изградба

07/09/2023

AA

Во просториите на Општина Делчево, денес се потпиша Договор за изградба на нова детска градинка помеѓу Министерството за труд и социјална политика претставувано од министерката Јованка Тренчевска и Општина Делчево од страна на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и изведувачот кој е задолжен да ја изгради.

По тој повод, министерката Тренчевска во изјава за медиумите изрази огромно задоволство од потпишувањето на ваков договор кој ќе значи влез на нови 130 деца во предучилишниот процес.

„Станува збор за изградба на современа градинка која ќе биде ефикасна како во поглед на енергетските трошоци и нејзиното одржување, така и во поглед на извршување на нејзината функција, а тоа е да обезбеди соодветен безбеден простор за престој на децата каде ќе учат и развиваат нови животни вештини,“ истакна министерката .

Изградбата на новата детска градинка е дел од Програмата на Владата на Република Северна Македонија за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2023 година.

Се работи за двогодишен проект со вредност од околу 60 милиони денари со ДДВ , каде што во најголем дел учествува Министерството за труд и социјална политика, а во одреден дел и Општина Делчево.

„Ова е уште една потврда за тоа колку е значајна соработката помеѓу централната и локалната власт. Општината најдобро ги знае потребите на своите жители и кога таа ги адресира нивните потреби, доаѓа до реализација на проекти од кои директна придобивка имаат граѓаните,“ посочи Тренчевска.

Градоначалникот Горан Трајковски изрази благодарност за досегашната соработка со Министерството за труд и социјална политика, и по тој повод и додели на министерката Тренчевска плакета

„Нема поубав подарок за своите сограѓани од реализацијата на нов капитален проект за граѓаните, посебно кога се работи за најмалите и за младите родители. На овој убав ден, кога Делчево одбележува 79 години од ослободувањето-го потпишавме Договорот за изградба на новата детска градинка во населба Расадник. Новата градинка ќе биде современ , уникатен објект кој ќе го краси Делчево, а неговата намена –да згрижува и воспитува дечиња од најмала возраст со капацитет од 350 дечиња, ќе значи и анулирање на листата на чекање за прием во детската градинка. Ова е инвестиција во раниот детски развој, вредна 60 милиони денари,“ истакна Трајковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45821
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача

26/09/2026

Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство,

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy