ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО Ќе се гради со пари од Јавното претпријатие за државни патишта
Распишана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната документација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија, најави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
– Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување коешто е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија. Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе работи на целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилити студија – рече Николоски.
Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври. После тоа се очекува да биде избран изведувачот. Во рок од 6 до 9 месеци треба да завршат студиите и после тоа ќе се распише тендер.
– Ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект. Така што, еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што ќе значи многу. Нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до границата со Бугарија – истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.
.
Извор: plusinfo.mk