Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе плаќаме 25 милиони евра за активирани гаранции против ЈПДП и Железници – Транспорт
Економија

Ќе плаќаме 25 милиони евра за активирани гаранции против ЈПДП и Железници – Транспорт

07/09/2023

AA

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска при претставувањето на ребалансот на државниот буџет, објави дека на расходната страна се префрлени дополнителни 25 милиони евра поради активирани гаранции за нереализирани услови од финансиски договори што ги склучувале јавното претпријатие „Државни патишта“ и акционерското друштво Железници на РСМ Транспорт.

Според она што го кажа министерот, едната гаранција против ЈПДП ја активира кинеската ЕКСИМ-банка која ја финансира изградбата на автопатот Кичево – Охрид, како и други проекти во земјата, додека за Железници Транспорт од подамна се знае дека е заглавено во големи долгови кон надворешни компании и дека Владата формираше работни групи за тоа. Бесими не наведе колку ќе се плаќа за поединечните случаи, ниту пак изнесе дополнителни детали.

– Во буџетот се обезбедени средства за неопходните потреби. 25 милиони евра се обезбедуваат за паднати гаранции во однос на ЕКСИМ-банката што е за јавното претпријатие Државни патишта, како и за МЖ Железници, рече Бесими.

Ова се потреби кои не можеле да се планираат во текот на годината, додаде тој, па така за судски одлуки и решенија против државата се одредени дополнителни 300 милиони денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44957
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy