РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен во болница
Родител нападнал другар на синот, кој завршил со повреди во болница, соопшти полицијата.
Вчера (25.09.2026) попладне од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје во полиција било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 13-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром тој бил физички нападнат од С.Р., родител на негов соученик.
.
Извор: plusinfo.mk