МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се потпиша во Книгата на почесни гости
Премиерот Христијан Мицкоски, синоќа во седиштето на светската организaција во Њујорк имаше средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
На средбата, како што соопшти канцеларијата на Гутереш, била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Северна Македонија.
Гутереш и Мицкоски разговарале и за европските интеграции, регионалната соработка и поддршката на мултилатерализмот.
„Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на Обединетите нации, како симбол на почитта кон оваа светска организација и нејзината мисија за мир, дијалог и заедничка иднина“, објави Мицкоски.
Македонскиот премиер, претходно имаше обраќање на генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
.
Извор: plusinfo.mk