Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По Адријана Кеш и Јордан Митев се откажа од настап на пикникот на СДСМ: „Не знаевме дека го организира партија“
Македонија

По Адријана Кеш и Јордан Митев се откажа од настап на пикникот на СДСМ: „Не знаевме дека го организира партија“

07/09/2023

AA

После пејачката Адријана Ацеска, или Адријана Кеш, која се откажа од настапот на традиционалниот пикник на Денот на независноста во Пеленица близу Драчево, затоа што никој не и кажал дека тоа ќе биде партиски настан, иако со години го организира општинската организација на СДСМ од Кисела Вода, од пеењето се откажа и нејзиниот колега Јордан Митев.

„Почитувани, сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември. Во текот на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламата ја видов утрово. Не сум партиски определна ниту ќе бидам, така да јавно се откажувам од овој настап за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски собир“, напиша Адријана Ацеска.

Митев на социјалните мрежи напиша дека бил изманипулиран намерно или ненамерно од организаторот кој не му кажал дека се работи за партиски пикник.

„Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи. За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда ( четврток, 07ми септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8ми Септември во Пеленица -Скопје. Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамрено изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8ми Септември во Пеленица. Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија“, објави Митев.

Партијата СДСМ организира традиционален пикник на Денот на независноста – 8 септември во месноста Пеленица во близина на Драчево, Скопје, на која ќе пеат македонските музички фолк ѕвезди како Сузана Гавазова, Јордан Митев, Благоја Грујоски, Виолета Пандовска, Татјана и Новица, гости од Мерак Меана, Адријана Кеш и Сања Барби.

„Ве покануваме на традиционалниот пикник “Пеленица”, по повод 8 Септември – Денот на независноста. Да ја продолжиме традицајата со песна и забава! Со себе понесете насмевки и позитивна енергија.Следуваат изненадувања и за најмладите! Ветуваме дека ќе си заминете со одлични впечатоци! Се гледаме на Пеленица!“, стои во поканата.

Настанот ќе се одржи во петок со почеток од 11 часот, а организатор на настанот е општинската организација на СДСМ од општина Кисела Вода.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на

12/08/2026

Голем пожар го зафати подрачјето околу селото Манастирски Доленци во Кичевско, поради што Свештената Пречистанска Обител упати итен апел за

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат Монте Карло со Daihatsu од

12/08/2026

Додека многумина за пат до луксузниот брег на Монако избраат авион или моќни лимузини, двајца млади радовишани решија да ги

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy