Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача дека единствен начин да ѝ помогне на партијата е да си замине
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача дека единствен начин да ѝ помогне на партијата е да си замине

26/09/2026

AA

Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство, е на наша страна, изјави Игор Ивановски од Платформата 12.05 која денеска одржа трибина „Разговори за иднината“ на која учествуваше и пратеникот од Левица Амар Мециновиќ.

Ивановски вели дека условот да седнат на иста маса со Филипче е прво тој да прифати дека ќе си оди од лидерската позиција, па потоа да се разговара за консолидирање на партијата.

– Нашиот план за отворање консолидација, стабилизација и структурни промени во СДСМ ќе му го доставиме. Од него зависи колку побрзо ќе се започне овој процес на вистински промени во СДСМ за на следните избори опозицискиот фронт да биде во кондиција да ја порази оваа власт. Ако остане како што е сега, тоа никогаш нема да се случи – вели Ивановски.

Тој порача дека Филипче мора да ја ослободи заробената партија.

– Јас знам дека на Венко Филипче му е тешко. И ќе му биде уште потешко. Но не смее да му биде потешко на СДСМ. Тој има шанса, барем на крајот со своите постапки да помогне оваа, во моментов, заробена партија, да се отвори и да му се врати на членството. Низ една нормална демократска постпка, процедури и членството на крај ќе одлучува. Но едно е јасно, во ваква состојба каква што е сега, во овие изминати 2,5 години, како резултат на активноста токму на претседателот Филипче и на таа една клика која што во основа е политичко бизнис профитерска, партијата не може да победи на избори. Тоа на сите им е јасно – вели Ивановски.

Пратеникот Амар Мециновиќ, пред трибината изјави дека Левица како опозициска партија има одговорност да разговара со различни опозициски елементи во општеството.

– Сметаме дека како опозициска партија имаме одговорност и за нас како Левица времето е созреано да разговараме со различни опозициски елементи во општеството и да видиме дали може да се изгради заеднички јазик околу прашањата што денес се суштински за државата, сметајќи дека сега е време да се направи рез. Левица има задача да го артикулира и организира опозицискиот одговор кон актуелната власт. Денешните разговори се дел од тој процес, а ќе видиме во која насока ќе се развиваат понатаму. Благодарни сме за поканата и во текот на трибината ќе ги изложиме и нашите позиции. Левица има задача да го мобилизира одговорот против антинародната власт – посочи Мециновиќ.

Тој истакна дека разговорите за иднината на државата не можат да се сведат само на изминатите 35 години, туку мора да се отвори прашањето каква држава ќе имаат следните генерации.

– Како претставници на една нова политичка генерација, нас нè интересираат и наредните 35 години. Сметаме дека во оваа држава имаме за што да живееме и имаме за што да се бориме. Нашите животи треба да продолжат овде, како и животите на поколенијата што доаѓаат по нас. Во моментот кога сите ние заедно како општество ќе одлучиме дека следните 35 години мора да бидат поинакви, тогаш може да започне и нивното поинакво градење. Македонија е уништувана ден по ден и затоа ден по ден мора повторно да се гради – порача Мециновиќ.

Тој смета дека СДСМ нема намера да се бори против раководството на власта. Како примери ги посочи локалните избори од минатата година во Струмица, за која истакна дека му била „подарена“ на ДПМНЕ, како и вториот круг за Град Скопје, кога постоела можност да се создаде сериозен опозициски притисок врз ДПМНЕ, но СДСМ не застанал зад таквата борба.

– Затоа повеќе не можеме да се потпираме на номинални изјави. Делата кои ги видовме од СДСМ на локалните избори ни нагласуваат дека не можеме да очекуваме содржајна опозициска борба со тоа раководство – нагласи Мециновиќ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45822
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди нов општествен договор

26/09/2026

Демократската платформа „Разговори за иднината во 12:05“ денеска ја одржа втората сесија посветена на јубилејот од етаблирањето на независна и

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy