Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРЕБА ДА ВИ БИДАТ ДАДЕНИ ГАРАНЦИИ ПРОТИВ ИДНИ ВАКВИ БЛОКАДИ Шефот на белгиската дипломатија за деблокирање на преговорите со ЕУ
Македонија

ТРЕБА ДА ВИ БИДАТ ДАДЕНИ ГАРАНЦИИ ПРОТИВ ИДНИ ВАКВИ БЛОКАДИ Шефот на белгиската дипломатија за деблокирање на преговорите со ЕУ

15/04/2026

AA

Еден од главните услови за успех на процесот на пристапување и проширување е самата Европска Унија да си закаже состанок за да го ревидира својот процес на одлучување, изјави белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Тимчо Муцунски.

Прашан дали Белгија би се откажала од своето право на вето и би го прифатила принципот на квалификувано мнозинство, Прево рече дека „сега постојаното прашање за едногласност повразано со прашањата за надворешни работи и безбедност болно го доживеавме последните години и тие често ја доведоа ЕУ до состојба на тишина и молк и на неможност да искаже глас, како што треба да даде како геополитичка сила“.

– Видовме што се случи со палестинското прашање. Можеме да бидеме задоволни од поддршката што ја пруживме на Украина, но не сме среќни што ние не сме на масата, иако ние ја плаќаме сметката за тој ручек. Мислам дека функционирањето на овие 27 земји, а и утре, доколку сме повеќе, треба да се повикаме на квалификуваното мнозинство, кое што, ќе одземе еден дел од правото за едногласност за одредени многу конкретни прашања – рече Прево.

Според Прево, судбината на Европа, којашто се преобразува да биде не само еден голем пазар од милиони корисници, туку да стане една вистинска супранационална геополитичка сила во еден свет којшто станува се повеќе и повеќе мултилатерален.

– Во спротивно ќе се соочуваме со разни механизми на блокирање и блокади. Погледнето го само механизмот на вето во применувањето на безбедносните политики во Обединетите нации, којшто, многу често ги доведоа ОН во една полифонија при нивното искажување на позиција во однос на меѓународните конфликти, така што, мислам дека ова треба да се избегне – изјави Прево.

Одговарајќи на новинарски прашања, како Белгија може да помогне и спречи идно бугарско вето, Прево рече дека Северна Македонија последниве децении остварила неколку разни трансформации и преобразби, коишто и симболично и политички беа силни и дека мисли, оти таа гаранција може да биде дадена во смисла „дека нема да има нови барања после шест месеци“ и дека „нема да има повторно застој и блокирање во процесот на пристапување“.

– Јас се разбира можам да говорам во име на Белгија, не во име на сите 27 земји членки. За нас, постои јасна волја дека овие уверувања треба да бидат дадени на Северна Македонија откако таа ќе ја направи таа ревизија и дека патот ќе биде деблокиран и отворен, се разбира во оние класичните етапи на исполнување на различните поглавја коишто ќе треба да бидат усвоени, но дека нема да се јави повторна пречка или блокада во патот. Мислам дека сите земји членки заедно може да дадат адекватен одговор и во кулисите на ЕУ да се искаже волјата дека овие уверувања ќе и бидат понудени на Северна Македонија – изјави Прево.

Европската Унија како глобална институција, Прево нагласи дека, тешко може да даде гаранции во име на секоја од своите земји членки посебно.

– Она што може да го поттикнува Европската Унија преку дијалогот, посредувањето и медијацијата, е да учествува во осигурувањето дека Северна Македонија ќе може да ги примени договорените измени во Уставот и дека нема други земји-членки по шест месеци, една година, 18 месеци да доаѓаат со повторни билатерални прашања за да го спречат, запрат и блокираат тој пат, изјави Прево.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46710
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК Полицијата да реагира, дигиталниот простор

10/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАИЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy