Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРАБАНТИТЕ ВРЕДАТ МАЛО БОГАТСТВО: Сопствениците ги продаваат за 30.000 евра
Економија

ТРАБАНТИТЕ ВРЕДАТ МАЛО БОГАТСТВО: Сопствениците ги продаваат за 30.000 евра

18/08/2023

AA

Трабант, некогашниот
симбол на Источна Германија, денес станува вистинско колекционерско уживање со
цени кои достигнуваат и до неколку десетици илјади евра.

Трабант, познат и како „Траби“, повеќе не е само остаток од
минатото. Овој автомобил, кој беше икона на Источна Германија, денес е
деликатес во светот на колекционерството.

Во времето кога беше произведен, Трабантот беше предмет на потсмев поради
неговата каросерија направена од пластични и текстилни влакна,
како и застарениот двотактен мотор. Сега, откако се стекна со статус на
олдтајмер, ситуацијата драстично се промени.

Од падот на Берлинскиот ѕид, „Траби“ станува се поретка
глетка на германските патишта. Сепак, 32 години по прекинот на производството,
овој иконски источногермански автомобил доживува некаква заживување. 

Од
почетокот на годинава на патиштата се вратија повеќе од 40.000 функционални и
регистрирани трабанати, пишува 24ur.com.

“Кога возам се чувствувам посебно. Се тресе, но
автомобилот е сеуште жив”, нагласува Јирген Валтер, сопственик на
60-годишен Трабант. За својот автомобил платил 3.000 евра, а за неговата
реставрација вложил дополнителни 6.000 евра.

Додека ова возило се сметаше за речиси безвредено во 90-тите години на минатиот
век, денес колекционерските модели на овој автомобил можат да чинат и до 30.000
евра.

За многумина зачуваниот Трабант е повеќе од автомобил – тој
е дел од историјата и начин на живот, а за некои е и можност за солидна
заработка.

ФОТО: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45834
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во околината

27/09/2026

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски со порака од Гевгелија

27/09/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото ‘Две години работа. Две

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy