СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ МЕТЕОАЛАРМ Внимателно покрај дрвја, стари куќи и привремени конструкции
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска објави жолто метеопредупредување поради ветрот кој на моменти досгитигнуваше брзина од 80 километри на час. Предупредувањето ги опфати Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот Регион.
Поради силни налети, се препорачува внимание при движење покрај дрвја, стари покриви и привремени конструкции. Предметите на терасите и во дворовите што ветерот може да ги однесе треба навреме да се обезбедат.
.
Извор: plusinfo.mk