Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УСПЕАЛА ДА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000 „РАСПУШТЕНИ“ КРАВИ Градоначалникот поднесе кривични пријави против службеници на АХВ
Македонија

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УСПЕАЛА ДА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000 „РАСПУШТЕНИ“ КРАВИ Градоначалникот поднесе кривични пријави против службеници на АХВ

18/11/2026

AA

Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила вкупно 96 говеда во Крива Паланка, но проблемот со кравите што неконтролирано се движат низ градот и околните села сè уште не е решен. Од АХВ велат дека преземаат активности за заловување на животните, но се соочуваат со непристапен терен и опструкции од поранешните сопственици.

– Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува активности за справување со проблемот со говедата, односно нивно заловување и покрај предизвиците со кои се соочува – непристапен терен и опструкции од поранешните сопственици – велат од АХВ за „Фокус“.

Оттаму додаваат дека во координација со надлежните институции и локалната самоуправа бараат одржливо решение, при што треба да се води сметка и за безбедноста и здравјето на луѓето и за благосостојбата на животните.

Во меѓувреме, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со жители од засегнатите села, поднесе неколку кривични пријави против службени лица во Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за управување со одземен имот.

Пријавите се однесуваат на сомневања за злоупотреба на службената положба, неспроведување на правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот, како и загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните.

– Бараме да се испита одговорноста на надлежните службени лица во Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за управување со одземен имот – информира Митовски.

Општината поднела и претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, со барање да испита дали во случајот има елементи на корупција, како и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат поради неспроведувањето на решенијата.

Митовски неодамна побара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба за да се овозможи решавање на проблемот. Според неговите процени, низ Крива Паланка и околните населени места слободно се движат околу 1.000 говеда.

крива паланка, крави, сашко митовски, ахв, кривични пријави, заловување добиток, безбедност на граѓаните

Мета-опис: АХВ досега заловила 96 говеда во Крива Паланка. Градоначалникот Сашко Митовски поднесе кривични пријави поради неспроведување на решенијата за одземање на добитокот.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА УСПЕАЛА ДА ЗАЛОВИ 96 ОД ВКУПНО 1.000

18/11/2026
Македонија

ЗЕЛ 500 ЕВРА ПОТКУП ЗА ДА ИЗДАДЕ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА

18/11/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 9 ВЕЛЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ „РОСИЦА“

18/11/2026
Македонија

Дарко Костовски се соочува со кривична пријава за паркот во

18/11/2026
Македонија

ИРАН НЕГИРА ДЕКА ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА ПЛАНИРАЛ АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА Тврди

18/11/2026
Македонија

НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА

18/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА

18/11/2026
Македонија

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46831
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗЕЛ 500 ЕВРА ПОТКУП ЗА ДА ИЗДАДЕ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА ГРАДБА Истрага против вработен во

18/11/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), осомничен за примање поткуп

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 9 ВЕЛЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ „РОСИЦА“ Нејзините пријави за семејно насилство

18/11/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес, кои

Дарко Костовски се соочува со кривична пријава за паркот во Бутел.

18/11/2026

Покрај полемиките околу непочитувањето на албанскиот јазик, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, сега се соочува и со кривична пријава

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy