Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тимот од „Градски парк“ остана без двајца првотимци пред вечното дерби со МЗТ!
Спорт

Тимот од „Градски парк“ остана без двајца првотимци пред вечното дерби со МЗТ!

14/10/2023

AA

Екипата на Работнички сериозно ослабена ќе го дочека првото „вечно дерби“ од новата сезона против МЗТ Скопје, закажано за следниот викенд, со оглед што ќе настапи без двајца важни кошаркари во ротацијата на тренерот Димитар Мираковски.

Репрезентативецот Кристијан Николов ја прекина соработката со клубот од „Градски парк“ чиј член беше половина месец. На трите натпревари од квалификацискиот турнир за ФИБА Еврокупот, репрезентативецот одигра вкупно осум минути и постигна само еден поен, додека во првенството настапи само во првото коло, против ТФТ кога на теренот помина 12 минути.

Тренерот Димитар Мираковски најмалку еден месец нема да може да смета на српскиот интернационалец Ѓорѓе Џелетовиќ, кој на мечот против Пелистер минатата недела го скршил прстот на раката. Неговото отсуство може да биде од големо значење бидејќи се работи за еден од најдобрите играчи на Работнички и носител на играта, а што најдобро се виде и во вечерашниот пораз кај Чаир 2030 (82-83), прв во домашното првенство сезонава.

Дуелот меѓу двата најтрофејни клуба во македонската кошарка е на програмата во следното коло, а домаќин ќе биде Работнички.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy