Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тифозите на Интер купиле 50.000 свирчиња: Лукаку да го чуе нашето незадоволство!
Спорт

Тифозите на Интер купиле 50.000 свирчиња: Лукаку да го чуе нашето незадоволство!

04/10/2023

AA

Интер и Рома играат во Милано на 29 октомври, во 10. коло од Серија А и тоа ќе биде првото враќање на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“ откако преговараше зад грбот на челниците на Интер да си замине оттаму, оваа пролет.

Поради тоа навивачите на Интер ќе му приредат незаборавен и гласен пречек.

„29 октомври е датумот кој треба да го заокружиме во календарот, за да бидеме подготвени за тој да го чуе нашето незадоволство кое го чувствуваме кон некого кој ни го свртел грбот на најсрамен начин. Карактер кој се покажа како мал човек, бидејќи пред да бидете шампион, мора прво да бидете човек и да знаете како да си го сочувате зборот. Те браневме со мечови, а ти ни возврати вртејќи ни го грбот. Пред натпреварот со рома, ‘Курва норд’ ќе подели 50.000 свирчиња кои ќе бидат искористени за секој допир на топката за тој што го предаде нашиот дрес“, известија „нераѕурите“.

Лукаку две сезони играше во Интер како позајмен од Челси. Последнава одигра одлично во пролетната полусезона, како интегрален дел од пласманот во финалето на ЛШ и пехарот во Купот на Италија, па затоа Интер посака да го задржи.

Додека преговараше со Челси за 30 или 35 милиони евра, Лукаку се договарал со Јувентус. Кога раководството на Интер го дозна тоа прекина секакви преговори и ја отфрли можноста за продолжување на соработката со Белгиецот. 

На крај пропаднаа преговорите меѓу Челси и Јуве, па тој заврши во Рома и затоа сега како нејзин играч ќе гостува во Милано. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy