Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведокот Трифунов: Билетот за ДНК во „Пулс“ чинеше 500 денари, но фискална сметка не добив!
Македонија

Сведокот Трифунов: Билетот за ДНК во „Пулс“ чинеше 500 денари, но фискална сметка не добив!

04/05/2026

AA

Во продолжението на судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска во фокусот беа исказите на сведоци кои поради престој во странство не се достапни за директно сослушување, а нивните изјави беа прочитани во судницата.

На рочиштето беше разгледана и процедурална забелешка од одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов, откако неговата адвокатка побара исклучување на јавноста. Барањето следува по реакциите од минатото рочиште, кога дел од родителите на загинатите 63 млади лица, по предлогот за укинување на притворот, извикувале: „Пуштете го газда Деко, ние ќе му пресудиме“. Одбраната тврди и дека ваквите реакции не биле внесени во записникот.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го одби барањето за исклучување на јавноста, посочувајќи дека во оваа фаза нема основ за таква мерка, но додаде дека по потреба може да се пристапи кон поединечни исклучувања. Таа нагласи дека сите забелешки, без разлика од која страна доаѓаат, се нотираат согласно судската постапка.

Во судницата беа прочитани исказите на сведокот Дарио Трифунов, кој според изјавата дадена пред обвинителството, често посетувал „Пулс“ и уште како малолетник. Тој навел дека во објектот имало голем број малолетни лица, дека се забележувала нелегална продажба на дрога и дека, по реновирање, објектот имал само еден влез и излез. Во неговата изјава се наведува и дека не добил фискална сметка за билетот за концертот на групата ДНК, кој чинел 500 денари.

Трифунов во исказот опишал и хаотични сцени за време на пожарот. Според неговите зборови, полицијата влегла пред да се активираат пиротехничките ефекти, а потоа почнал да се шири чад и да паѓа дел од таванот. Тој навел дека со друштвото излегол надвор и видел повредени млади лица кои излегувале од објектот, дел од нив со тешки изгореници. Во неговата изјава се наведува и случај во кој полицаец им кажал повредено лице да го транспортираат со сопствено возило, без да укаже помош.

Се читаше и исказот на сведокот Александра Пепеларовска, која опишува дека изгубила свест во ходникот, каде имало голема гужва и паднати лица едно врз друго. Таа навела дека се чувствувал силен мирис на изгорена пластика, а надвор имало амбулантни возила и полициско присуство. Според нејзиниот исказ, поради недостиг на кислород и хаосот на теренот, не добила веднаш помош, по што подоцна била хоспитализирана и лекувана во Скопје и во странство.

Судењето продолжува со сослушување на вештак од Институтот за судска медицина, кој треба да одговори на дополнителни прашања поврзани со претходно презентираните обдукциски наоди и медицинска документација за 63-те загинати и над 200-те повредени лица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
Македонија

ПЕТ-ЦЕНТАРОТ ЌЕ РАБОТИ ВО ВИКЕНДИ И НА ПРАЗНИЦИ Целта е

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46085
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА Постројката на HELLENiQ ENERGY ќе

09/10/2026

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy