Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в петок во Скопје ќе објасни зошто Атина во Софија ќе парадира со „коските на Самоил“?
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ НА БАЛКАНОТ Дали Урсула в петок во Скопје ќе објасни зошто Атина во Софија ќе парадира со „коските на Самоил“?

29/09/2026

AA

Грција в сабота, на 3 октомври, свечено ќе ѝ ги предаде на Бугарија човечките останки за кои повеќе од половина век верува дека му припаѓаат на цар Самоил. Со нив кон Софија ќе заминат и останки од уште два саркофага од базиликата „Свети Ахил“ во Мала Преспа, припишани на неговиот син Гаврил Радомир и на други членови на царското семејство.

Церемонијата ќе се одржи во Музејот на византиската култура во Солун, а бугарскиот премиер Румен Радев најави дека домаќин ќе биде неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис. Потоа останките со воен авион „Спартан“ ќе бидат пренесени во Софија и положени во посебен саркофаг во црквата „Света Софија“.

Спорна идентификација на коските

Зад свечените церемонии останува едно незгодно прашање: дали навистина станува збор за коските на Самоил?

Грчкиот археолог и професор Николаос Муцопулос, при ископувањата на базиликата „Свети Ахил“ на островот во Малото Преспанско Езеро, открил четири богати гробници. На гробовите немало натписи со имињата на покојниците. Муцопулос еден од скелетите го идентификувал како Самоил, врз основа на археолошкиот контекст, високата положба на погребаниот, неговата возраст и, особено, старата тешка повреда на левата рака, која би можела да се совпадне со историските податоци за повредување на Самоил. Тоа сепак е археолошка хипотеза, што не е исто што и неспорна идентификација.

Доролку повеќе што современи истражувачи укажуваат дека по повеќе децении би било оправдано останките повторно да се испитаат со современи остеолошки методи и, ако е возможно, со ДНК-анализа. Во научната литература е доведувана во прашање токму сигурноста на идентификацијата направена од Муцопулос. Кај скелетот припишан на Самоил постојат повеќе посредни индиции, но кај останките што им се припишуваат на Гаврил Радомир и на другите членови на династијата идентификацијата во голема мера се потпира на местото и близината на погребувањата.

Радев и Мицотакис главни церемонијал мајстори

Затоа е интересно што политиката веќе нема дилеми таму каде што науката сè уште има. Во Софија на 3 октомври нема да пристигнат „останки што му се припишуваат на Самоил“, туку, според официјалната реторика, „посмртните останки на бугарскиот цар Самоил“. Радев ги повика граѓаните масовно да го пречекаат владетелот на плоштадот Батенберг, по што со поворка ќе биде однесен до „Света Софија“. Бугарската страна настанот го претставува како враќање на царот „во неговата татковина”.

Балканската „археологија“ преминува во политизирање на историјата. Грција не е повикана да донесе формална научна одлука за националниот карактер на Самоиловата држава. Но, ете, Атина прифаќа останките пронајдени на нејзина територија, во средиштето на некогашната Самоилова држава, да ѝ ги предаде на бугарската држава, која ќе ги погреба во Софија како останки на свој владетел. „Катимерини“, известувајќи за договорот, директно го опишува Самоил како владетел на Бугарија од 997 до 1014 година. За македонската јавност затоа е тешко ова да се набљудува само како археолошко или протоколарно прашање.

„Побугарчувањето“ на Самоил

Сликата, сепак, е посложена од националните митологии создадени десет века подоцна. Голем дел од современата византологија и медиевистика ја прифаќа хипотезата дека Самоиловата држава е продолжение на средновековното Бугарско царство. Постојат средновековни извори во кои Самоил и неговите наследници се поврзуваат со бугарската царска традиција, а современи истражувања посочуваат дека самите Комитопули ја граделе својата царска легитимност врз континуитетот со претходните бугарски владетели. Тоа е важен факт кој не треба да се премолчува само затоа што денес политички ѝ одговара на Софија. Но, истовремено, не треба да се премолчува и тоа дека станува збор за хипотеза, а не за научно докажан факт.

Напротив, далеку од историската вистина е тврдењето дека Самоил бил „Бугарин“ во значењето што зборот го има во 19, 20 или 21 век, па според тоа неговата држава и целото нејзино наследство ексклузивно ѝ припаѓаат на современа Бугарија. Средновековните политички идентитети, царските титули, црковната легитимност и денешните национални идентитети не се исти категории. Токму пренесувањето на модерниот концепт на нација илјада години наназад е една од најчестите стапици кога средновековната историја се претвора во современа балканска политика.

Има уште еден факт што тешко може да се избрише од картата. Политичкиот центар на Самоиловата држава бил во просторот на Македонија, со Преспа и Охрид како нејзини клучни средишта. Дури и Заедничката македонско-бугарска историска комисија во договорената формулација наведе дека Самоил бил владетел на голема средновековна држава која „мнозинството од современата историска наука ја смета за Бугарско Царство, со центар на територијата на денешна Република Северна Македонија“. Истата комисија препорача Самоил да се одбележува заеднички како личност од заедничката историја на двете држави.

Парадоксот на шетањето на коските

Одлуката можеби има практична заднина – Атина и Софија за неа преговарале повеќе од една деценија – а договорот е дел од поширока размена во која Бугарија на Грција ќе ѝ врати вредни црковни реликвии однесени од манастири во северна Грција за време на Првата светска војна. Но, симболиката на 3 октомври ќе биде многу поголема од една музејска размена.

И тука можеби се наоѓа најинтересниот парадокс. Грција со децении водеше жестоки спорови со Македонија околу правото на историски симболи и наследство од антиката, инсистирајќи дека современите национални идентитети не можат едноставно да присвојуваат личности и држави од далечното минато. Сега, во случајот со Самоил, Атина прифаќа церемонија во која археолошки останки со сè уште посредна идентификација ќе бидат пренесени во Софија и таму државно погребани како останки на бугарски цар. Тоа не е формално грчко решение на историографскиот спор, но политичката порака што ќе ја произведат фотографиите од Солун и Софија е тешко да се игнорира.

Еден срамен триумф

Особено затоа што настанот доаѓа во момент кога Македонија повторно гледа како европската интеграција се движи со различни брзини. На 14 јули Европската Унија одржа четири пристапни конференции во еден ден – со Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија. Европската комисија сега подготвува и посебни патокази со реформи и приближни временски рамки за напредувањето токму на тие четири земји. Македонија ја нема во таа група. Причината е позната: процесот останува блокиран пред отворањето на кластерите поради неисполнетата обврска за уставните измени договорена во преговарачката рамка.

А ден пред коските што му се припишуваат на Самоил да го започнат своето „европско патување“ од Солун кон Софија, во петок, 2 октомври, во Скопје ќе пристигне претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Нејзината балканска турнеја завршува токму во Македонија, при што е најавено дека официјални теми на разговорите во Скппје ќе бидат следните чекори кон членството, постепената интеграција и Планот за раст.

Ќе биде тоа една необична слика од два последователни дена, слика на закопување на „посмртните останки“ на она што некогаш беше европска политика за југот на Балканот. В петок Македонија ќе слуша објаснувања за условите под кои може да го продолжи патот кон Европската Унија, додека четири други кандидатки веќе добиваат поконкретни патокази. В сабота, само стотина километри подалеку, Грција свечено ќе ѝ предаде на Бугарија останки пронајдени во Преспа и припишани на владетел чија престолнина, држава, црква и историско наследство се нераскинливо врзани и со просторот на Македонија. Науката може уште долго да расправа чии коски се тие и како најпрецизно треба да се опише Самоиловата држава, но на „европејците“ очигледно им се брза да пресечат.

Што има „европско“ во ова шетање на коските од Солун до Софија? Можеби тоа ќе ни го објасни Урсула. Таа ќе ни каже каков е овој триумф на гробниците и на минатото над европската перспектива и иднина на еден народ чиј идентитет упорно се негира.

СЕО тагови:

Мета дескрипција:

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45873
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на тротинети низ цела Македонија

29/09/2026

Дури 167 прекршоци констатирала полицијата при засилена акциска контрола на возачи на електрични тротинети спроведена во целата држава. Контролата ја

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy