Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

AA

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Муцунски ова го истакна на отворањето на конференцијата „Европски дијалози, европско наследство и иднина“, која од 29 септември до 2 октомври се одржува во Скопје. Настанот е организиран од Францускиот институт во Париз, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.

Според Муцунски, членството во ЕУ останува стратешка определба на Македонија, но пристапниот процес треба пред сè да придонесе за подобрување на институциите и создавање нови можности за граѓаните.

– Пристапниот процес треба да го трансформира нашето општество, да ги зајакне нашите институции и да создаде повеќе можности за нашите граѓани. Тој не треба да го трансформира нашиот национален идентитет – порача Муцунски.

Тој нагласи дека европската перспектива треба да остане кредибилна, предвидлива и заснована на заслуги, при што напредокот на земјите кандидати треба да зависи од спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските критериуми.

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф Ле Риголер, посочи дека „Европските дијалози“ се организираат од 2023 година во различни европски градови со цел да се поттикне дебата за иднината на Европа и европскиот проект.

Говорејќи за темата на годинашното издание – „Наследство и европска иднина“, Ле Риголер истакна дека историјата и иднината се неразделно поврзани.

Тој посочи дека конференцијата во Скопје е завршен настан од програмата „Споделени хоризонти“, иницирана во 2024 година со цел поттикнување дијалог за историските сеќавања и создавање заеднички европски перспективи на Западен Балкан. Официјалната програма потврдува дека настанот е завршна активност на програмата „Shared Horizons“ и дека во фокус се заедничките наследства, траектории и европските хоризонти на Балканот и Европа.

Според Ле Риголер, Европа не се гради само преку институции и политики, туку и преку споделени искуства, идеи и солидарност.

Тој нагласи дека различните историски наративи треба да бидат основа за дијалог, а не за поделби.

– Европа не почива на бришењето на различностите, туку на капацитетот да живееме заедно и да градиме заедничка рамка во која различноста ќе може да го даде својот целосен придонес – истакна Ле Риголер.

На конференцијата учествуваат истражувачи, новинари, активисти, уметници, студенти, дипломати и институционални претставници од Франција, Македонија и други европски земји, а посебен фокус е ставен на младите од Западен Балкан.

Во наредните денови учесниците ќе разговараат за заедничкото европско наследство, граѓанските движења, различните историски наративи, европските вредности и визиите за иднината на Европската Унија.

Конференцијата беше отворена во Музејот на современата уметност во Скопје со изложбата „Солидарноста како иднина“. Поставката потсетува на меѓународната културна солидарност со Скопје по земјотресот во 1963 година, кога уметници од Франција и други европски земји донирале дела за градот. Меѓу авторите чии дела се претставени се Пјер Сулаж, Виктор Вазарели и Никола Мартиноски.

Програмата продолжува до 2 октомври со дебати, предавања, работилници и јавни дискусии посветени на историјата, заедничките европски вредности, различностите и иднината на европскиот проект.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy