СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд, снег на планините и минусни температури
Променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот и повремени врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите за недела, 22 ноември. Врнежите ќе бидат поизразени во западните делови од земјата, каде што ќе има дожд во вечерните часови и во текот на ноќта.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне наместа повремено ќе се засилува.
Минималните утрински температури ќе се движат од минус еден степен во Берово до седум степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 до 18 степени. Најстудено ќе биде во Маврово, а најтопло во Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од четири до 15 степени.
Во понеделник се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Попладне, поради продорот на постуден воздух од север, на планините дождот ќе преминува во снег.
Ќе дува засилен, а наместа повремено и силен ветер – претпладне од западен, а попладне од северен правец. Утринските температури ќе бидат од три до девет степени, а дневните од 13 до 19 степени.
Во вторник, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, нè очекува сончево и постудено време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се спуштат од минус четири до пет степени, а максималните ќе достигнат од шест до 13 степени.
.
Извор: plusinfo.mk