Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ Изјавата за уставните измени му била извадена од контекст
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ Изјавата за уставните измени му била извадена од контекст

22/11/2026

AA

Албанскиот премиер Еди Рама појасни дека неговите изјави во врска со уставните измени и вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав биле извадени од контекст, нагласувајќи дека Албанија никогаш нема да го попречува европскиот пат на Македонија.

На заедничкиот настан со премиерот Христијан Мицкоски, по повод промоцијата на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан, Рама рече дека Македонија мора да го исполни условот за уставни измени за да продолжи кон членство во Европската Унија, но истакна дека тоа е внатрешно прашање на македонската држава.

– Македонската страна со право се сомнева дали ќе постои уште едно вето ако го направи овој чекор да ги додаде Бугарите во Уставот. Но, од друга страна, Северна Македонија мора да го исполни овој услов за да влезе во ЕУ. Ова е моја претпоставка, но исто така јас никогаш, ниту Албанија никогаш нема да го прекине патот на Северна Македонија кон ЕУ – истакна Рама.

Тој нагласи дека секогаш бил поддржувач на приближувањето на нашата држава кон Европската Унија, но дека никогаш не би си дозволил да ѝ кажува на македонската Влада или на македонскиот народ што треба да направат.

Рама посочи дека неговата изјава била одговор на прашање од бугарски новинар и дека нејзината содржина треба да се разгледува во поширок контекст, а не само преку издвоени делови.

– Тоа се внатрешни прашања на една држава. Ние сме, се разбира, свесни за реалноста, не ја игнорираме реалноста и исто така сме конструктивни и нудиме секогаш решенија за надминување на овој предизвик – рече Рама.

Според него, довербата меѓу државите се гради преку конкретни проекти што ги поврзуваат, посочувајќи го Коридорот 8 како пример за соработка меѓу Македонија, Албанија и Бугарија.

Осврнувајќи се на односите со премиерот Мицкоски, албанскиот премиер рече дека нивното пријателство е обострано и дека двајцата отворено и искрено ги кажуваат своите ставови.

– Јас сум сигурен дека нашите две преубави земји многу скоро, еден ден, ќе седнат на иста маса во Брисел и ќе бидат дел од Европската Унија – порача Рама.

Премиерот Мицкоски оцени дека изјавата на неговиот албански колега за европскиот пат на Македонија била извадена од контекст, нагласувајќи дека станува збор за внатрешно прашање на македонската држава.

Мицкоски посочи дека Рама дал пошироко објаснување кое одговорило на новинарските прашања, но дека во јавноста се издвојува само дел од неговата изјава, без да се земе предвид целокупниот контекст.

Тој нагласи дека за позитивен процес е потребна доверба, која се гради преку конкретни проекти и соработка меѓу државите. Како пример го посочи Коридорот 8, кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија, истакнувајќи дека ваквите проекти придонесуваат за поблиски односи и заедничка иднина.

– Денешниот настан е токму во таа насока, да работиме на проекти кои што нè зближуваат и да останеме во рамките на она што претставува внатрешно прашање на нашите држави – изјави Мицкоски.

Тој изрази уверување дека нашата земја и Албанија во иднина ќе станат членки на Европската Унија.

– Јас сум сигурен дека нашите две преубави земји многу скоро, еден ден, ќе седнат на иста маса во Брисел и ќе бидат дел од Европската Унија – порача премиерот Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
Македонија

📷 СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ИЗВЛЕКОА ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ ОД ТЕШКО ПРИСТАПЕН ТЕРЕН Биле

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46880
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и Рама очекуваат полесен проток на

22/11/2026

Новиот начин на гранично функционирање преку системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан ќе го олесни транспортот на патници

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил дека карпите се кршливи и

22/11/2026

Повредениот алпинист е инструктор од Србија кој паднал од стаза за алпинизам кај Демир Капија и се здобил со тешки

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им рекол на македонските делегати дека

22/11/2026

Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонска црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy