Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница по пад од мотоцикл
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница по пад од мотоцикл

21/11/2026

AA

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ бил повреден при управување со мотоцикл во касарната „Илинден“, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Инцидентот се случил на 19 ноември, а Министерството за внатрешни работи потврди дека бил извршен увид и дека за случајот бил известен јавен обвинител.

Од МВР информираат дека повредувањето било пријавено во 14:45 часот. Засега не соопштуваат какви повреди здобил припадникот, ниту под кои околности се случил настанот.

– Во однос на наводите за повреден припадник на единицата, известуваме дека на 19.11.2026 г. во 14:45 часот пријавено е дека припадник на САЕ „Тигар“ се повредил при управување со мотоцикл во касарната „Илинден“. Истиот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ „Мајка Тереза“ за укажување помош. Извршен е увид и известен е јавен обвинител – соопштија од Министерството.

Покрај информацијата за повредениот припадник, МВР реагира и на наводите за состојбите во единицата, отфрлајќи ги тврдењата за партиски влијанија при организацијата и спроведувањето на обуките.

– Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите за наводни партиски влијанија при организацијата и спроведувањето на обука за САЕ „Тигар“ – наведуваат од МВР.

Од Министерството велат дека обуките се организираат според утврдени процедури и безбедносни стандарди, во согласност со потребите на специјалните полициски единици.

– Категорично ги отфрламе обидите за политизација на обуките и настаните поврзани со работата на специјалните полициски единици. Сите активности во рамките на обуките се организираат согласно со утврдените процедури, безбедносните стандарди и потребите на единиците – соопштија од МВР.

Министерството ги демантира и тврдењата дека околу 30 припадници ја напуштиле Специјалната антитерористичка единица.

– Воедно, демантираме дека наводно околу 30 припадници ја напуштиле единицата – се наведува во реакцијата.

Сепак, од МВР не прецизираат дали во изминатиот период имало поединечни заминувања од единицата, ниту објавуваат податоци за нејзиниот актуелен бројчан состав.

Во завршницата на реакцијата, Министерството најавува дека ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста и дека нема да дозволи, како што наведува, непроверени информации и политички конструкции да ја нарушуваат довербата во институцијата и професионалноста на полициските службеници.

Засега нема дополнителни официјални информации за здравствената состојба на повредениот припадник.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ПОВРЕДЕН ПРИПАДНИК НА „ТИГАР“ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Завршил во болница

21/11/2026
Македонија

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд,

21/11/2026
Македонија

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ

21/11/2026
Македонија

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека

21/11/2026
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46875
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДОТ ПОЧНУВА ДА ПОКАЖУВА ЗАБИ По сончевите периоди следуваат дожд, снег на планините и минусни

21/11/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот и повремени врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите за недела,

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА ПОРАДИ ЕДИ РАМА Еве кои патишта ќе

21/11/2026

Посетата на албанскиот премиер Еди Рама ќе донесе засилени безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга. Ограничувањата

НИТУ ДЕНАР ДОЛГ КОН ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ Петрушевски тврди дека сите обврски се исплатени

21/11/2026

Пратеникот Бране Петрушевски денеска порача дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија немаат неисплатени обврски кон припадниците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy