Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судот во Грција го одби барањето за затворање на центарот за изучување македонски јазик
Македонија

Судот во Грција го одби барањето за затворање на центарот за изучување македонски јазик

19/03/2023

AA

Центарот за македонски јазик во Грција денеска информира дека Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација.

Од Центарот потсетуваат дека лани на 27 јули барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација/здружение беше одобрено од грчкиот суд, со што истиот стана првата организација, која директно се грижи за македонскиот јазик, што е регистрирана и призната како таква од грчките државни органи. Сепак, веднаш по соопштувањето на таквата одлука, до Судот во Лерин беа доставени повеќе барања/тужби од „трети заинтересирани страни” за поништување на првичната одлука за регистрација. Како подносители на таквите барања се појавија неколку екстремно десничарски организации и политички партии во државата, додека едно од барањето беше поднесено лично од страна на јавниот обвинител на територијата на Леринската околија.

Првото од судењата беше одржано годинава на 16 февруари. Центарот за македонски јазик ги претстави своите аргументи пред Судот, меѓу другото и со презентирање на докази за признавањето на македонскиот јазик од страна на грчката државата пред повеќе од еден век.

Со историските одлуки од 16 март 2023 година, Основниот суд на Лерин ги одби барањето/тужбата на околискиот јавен обвинител, барањата поднесени од „Панмакедонскиот сојуз на македонската борба Грција-Австралија” и „Панхеленското здружение на потомците на македономахите – Павлос Мелас”, како и оние поднесени од „Здружението за одбрана на Македонија и Тракија“, „Друштвото за македонски студии“, „Здружението Аристотел“, „Здружението на пензионирани армиски офицери“ и „Регионот Западна Македонија“. Како што се наведува во соопштението од Центарот за македонски јазик во Грција, барања биле одбиени како неосновани, додека еден дел од нив биле квалификувани и како целосно неприфатливи.

Со тоа, Центарот за македонски јазик во Грција останува законски регистрирана невладина организација во државата.

-Центарот за македонски јазик го изразува своето нескриено задоволство што после децениска борба, македоноговорното население во Грција се соочува со позитивен судски исход во однос на неговите легитимни барања. Правото на слободно здружување конечно е достапно и уважено во однос на организација за подршка на македонскиот јазик. Веруваме дека сега е време ова човеково право (загарантирано со член 12 од Уставот на Грција и член 11 од Европската конвенција за човекови права) да биде достапно и за други слични невладини организации – кои во минатото барале и во иднина ќе бараат нивна судска регистрација, се наведува во соопштението.

Центарот се заблагодарува на сите оние во Грција и во странство кои ја поткрепиле нивната правна борба во последните месеци.

-Посебно му благодариме на нашиот адвокат Кирос Спонтис, за неговата одлична работа, како и на сведоците кои ги поддржаа нашите ставови и аргументи пред судот: професорката Александра Јоаниду, професорот Константинос Цицеликис, како и на нашиот член Зиси Циглопулос. Не би можеле да не го спомнеме и судијата кој ги отфрли барањата/тужби за забрана. Не толку затоа што го призна очигледното туку главно затоа што во еден период што кредибилитетот на грчката правда е доведен во прашање, докажа дека постојат независни судии кои одлучуваат врз основа на законот и на нивната свест, се наведува во соопштението.

Центарот за македонски јазик во Грција ќе продолжи да делува за постигнување на своите цели, кои вклучуваат: изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница, поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и среди) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија, Источна Македонија и Тракија и поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.

-Центарот за македонски јазик во Грција ги поттикнува и охрабрува говорителите на македонскиот јазик да ја продолжат борбата за своите човекови права. Напомнуваме дека сите материјали изработени од Центарот и поврзани со изучувањето на македонскиот јазик и понатаму ќе бидат достапни бесплатно на веб-страницата на нашата организација, како и на YouTube каналот. Македонскиот јазик е наше минато… и наша иднина!, посочуваат во соопштението од овој Центар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КУП ДРОГА ПРОНАЈДЕНА КАЈ ОСУДЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО Одземени 25 пакувања

06/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛОВИ ВОЗАЧИТЕ СО ТЕЛЕФОН ВО РАЦЕ Оставете го

06/10/2026
Македонија

ПОЖАР ВО КАМП-ПРИКОЛКА КАЈ ОХРИД Двајца повредени при гаснењето

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО РАСПИТА ФИЛИПЧЕ ЗА НАБАВКАТА НА ХЕЛИКОПТЕРИ ИЗВРШЕНА

06/10/2026
Македонија

АДВОКАТОТ СТАФА НЕГИРА ДЕКА ДАЛ ПОТКУП НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ

06/10/2026
Македонија

ГРУБИ НУДИ 335.707 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ЗА ДА МУ СЕ ВРАТИ

06/10/2026
Македонија

ВРЕМЕНО СЕ ЗАПИРА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БСЖ Користиме иста бугарска вакцина

06/10/2026
Македонија

НАД 4.500 ЛАЖНИ КОРИСНИЦИ ОТКРИЕНИ ВО СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ Околу 25

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46006
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КУП ДРОГА ПРОНАЈДЕНА КАЈ ОСУДЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО Одземени 25 пакувања со кафеава прашкаста материја и

06/10/2026

Во Казнено-поправната установа Затвор Идризово при претрес на осудениците Е.Т. (34) од Скопје и А.С. (37) од тетовско биле пронајдени

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛОВИ ВОЗАЧИТЕ СО ТЕЛЕФОН ВО РАЦЕ Оставете го мобилниот, фоксуирајте се на патот,

06/10/2026

Од 5 до 11 октомври во Македонија се спроведуваат засилени сообраќајни контроли за непрописно користење мобилни телефони, слушалки и други

ПОЖАР ВО КАМП-ПРИКОЛКА КАЈ ОХРИД Двајца повредени при гаснењето

06/10/2026

Двајца мажи се повредени во обид да изгаснат пожар што избувнал во камп-приколка во авто-камп на охридското крајбрежје. Пожарот избувнал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy