ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот на патријархот Кирил
Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на 19 ноември 2026 година пристигна во Москва, за да учествува во свеченостите по повод 80-годишнината од раѓањето на Неговата Светост патријархот Московски и на сета Русија Кирил.
Делегацијата ја сочинуваат митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј и епископот Хераклејски Климент.
На аеродромот „Шереметјево“ тие беа пречекани од архиепископот Пјатигорски и Черкески Теофилакт и од соработникот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, С. А. Бекешченко.
Посетата се одвива во рамките на свеченостите посветени на значајниот јубилеј на Патријархот Кирил, информира Службата за комуникација на Одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија.
Посетата на македонската делегација ќе трае до 24 ноември, а се реализира со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Во рамки на престојот во Москва, предвидено е заедничко сослужување со патријархот Кирил и претставници на други помесни православни цркви во храмот „Христос Спасител“, како и прием во резиденцијалниот Свето-Данилов манастир, каде што македонските архијереи ќе остварат средба со рускиот патријарх, соопшти Синодот на МПЦ-ОА.
Програмата на посетата предвидува и посета на неколку московски светии.
.
Извор: plusinfo.mk