Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОЛИИТЕ СО ЕВРАТА ГИ СТАВАЛЕ НА ПОД, МОЖЕН Е ПРЕНОС НА ТУЃА ДНК Вештакот на одбраната на Ристов ги оспори доказите поради лошо ракување со нив
Македонија

ФОЛИИТЕ СО ЕВРАТА ГИ СТАВАЛЕ НА ПОД, МОЖЕН Е ПРЕНОС НА ТУЃА ДНК Вештакот на одбраната на Ристов ги оспори доказите поради лошо ракување со нив

20/11/2026

AA

Со испитување на вештото лице во областа на криминалистиката, Атанас Козарев во Кривичниот суд во Скопје продолжи судскиот процес против разрешениот апелациски судија Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа најдени соѕидани 350.000 евра. Според вештакот, при обезбедувањето на доказниот материјал не биле применети стандардните процедури и постоела реална можност за внесување или за пренос на туѓа ДНК.

Вештакот, ангажиран од одбраната, рече дека предмет на неговата стручна анализа биле начинот на постапување на овластените службени лица за време на претресот во куќата, извршен на 18 јануари 2026 година, од аспект на постапување со фолиите и со банкнотите, каде биле пронајдени, отворани, раздвојувани, означувани и пакувани.

Козарев сведочеше дека првпат гледа со доказен материјал да се постапува на начин на кој алуминиумските фолии се отвораат и се раздвојуваат, се губи врската меѓу нив и се оставаат на подот, што според него, укажува на непознавање на основните процедури за ракување со докази. Според него, на подот можело да има биолошки материјал од повеќе лица и да дојде до контаминација.

Фото: Принтскрин

 

Вештото лице посочи оти смета дека документирањето на алуминиумските фолии има огромно доказно значење, со цел да се утврди што точно било пронајдено и во каква состојба.

– Со фотографирањето и so означувањето пред отворањето практично треба да се забележи која фолија обвиткувала определен сноп банкноти, како била свиткана и која била нејзина внатрешна и надворешна страна. Ова е важно за подоцна секој брис за ДНК-испитување да може да се поврзe со конкретната фолија и со точната површина од каде е земена – одговори тој на едно од прашањата.

Ако првичната состојба не била документирана, а фолиите потоа се искинат, се измешаат или слично, како што било направено во овој случај, според вештакот, може да биде тешко да се утврди дали брисот е земен од првично надворешната или од внатрешната страна на фолијата и со што таа површина имала контакт при отворањето. Според вештото лице, неспорен факт е дека во овој дел овластеното службено лице не постапило според стандардните процедури за собирање докази.

Од расположливите кадри од видео-материјал што му бил доставен не се забележувало дека секоја фолија пред отворањето е фотографирана од сите релевантни страни, со ознака и мерка.

– Без таква документација не може сигурно да се утврди дали конкретниот брис бил земен од надворешната, внатрешната површина што ги допирала банкнотите, од работ или преклопот, од скинатиот дел или површина што била изложена дури по отворањето – додаде тој.

Секоја трага, потенцираше, мора да има своја идентификациска ознака – а во овој случај, тоа не било така, како што се гледало на фотографиите. Имало алуминиумски фолии што воопшто не се обележани и што допираат со подната површина во просторијата што не е форензички заштитена.

– Клучен заклучок би бил дека во конкретниот случај, заради отсуството на антиконтаминациски мерки, не е заштитен доказниот материјал во целост и реална е можноста за внесување или пренос на туѓа ДНК – одговори тој на прашањето кој е неговиот личен заклучок од извршеното вештачење.

Обвинителката Искра Хаџи Василева побара да се пушти видео закачено на Јутјуб, од тоа како ракувала италијанската полиција во случај, сличен на овој, за пари пронајдени во ѕид. Имаше приговор, но, судијката даде одобрување.

– Јас сум запрепастен и од ова видео на кое се гледа дека некои имаат, а некои немаат ракавици – рече вештото лице.

Судската постапка против судијата Ѓоко Ристов се води за пронајдените 350.000 евра при претрес во домот на неговите родители во Неготино за кои Обвинителството го обвини дека не биле пријавени и дека потеклото на парите не е поткрепено со докази.

Јавното обвинителство соопшти дека парите биле пронајдени при претресот на 18.1.2026 година во домот на родителите на судијата во Неготино. Биле спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од 500 евра и 225 банкноти во апоени од 200 евра, некои со рачно испишани суми, скриени во заѕидан простор во шуплините од тули во ѕидот на една од собите.

Ристов е обвинет дека како службено лице судија во Апелацискиот суд Скопје, спротивно на законската должност за пријавување имотна состојба или нејзина промена, давал лажни податоци за својот имот и за имотот на семејството и не пријавил имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи.

Судскиот процес го води судијката Билјана Коцевска.

Следното рочиште е закажано за 9 декември.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ФОЛИИТЕ СО ЕВРАТА ГИ СТАВАЛЕ НА ПОД, МОЖЕН Е ПРЕНОС

20/11/2026
Македонија

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ГРИПОТ, ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Најмногу заболени

20/11/2026
Македонија

ПРИЈАВИЛЕ ИНДУСТРИСКА, А УВЕЗУВАЛЕ НЕЈОДИРАНА СОЛ Царината спречи нелегален внес

20/11/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА И ДВЕ ФИРМИ ЗА СМРТТА НА

20/11/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИЈА НА МПЦ-ОА СЛЕТА ВО МОСКВА Ќе присуствува на роденденот

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР КОРНЕ ДРВЈА И УРИВА СЕМАФОРИ! Се очекуваат пообилни

19/11/2026
Македонија

„ТЕНДЕРЏИЈАТА“ ОД РЕК, ГОНЕТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ИЗЛЕЗЕ ОД „ШУТКА“ На

19/11/2026
Македонија

ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА ЗА СИТЕ, ПА И ЗА

19/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46853
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ГРИПОТ, ТРОЈЦА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД Најмногу заболени има во Тетово и во

20/11/2026

Од 9 ноември до 15 ноември пријавени се 154 случаи на грип во државава, што е зголемување во однос на

ПРИЈАВИЛЕ ИНДУСТРИСКА, А УВЕЗУВАЛЕ НЕЈОДИРАНА СОЛ Царината спречи нелегален внес на 2,8 тони

20/11/2026

Царинските службеници на граничниот премин во Скопје спречиле обид за нелегален увоз на 2,8 тони нејодирана сол, чиј увоз е

ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ДВЕ ЛИЦА И ДВЕ ФИРМИ ЗА СМРТТА НА ОХРИЃАНЕЦОТ КРИСТИЈАН ЉУШЕВ Ќе одговараат

20/11/2026

Охридското обвинителство поднесе обвиненија против двајца и нивните фирми за смртта на 28-годишниот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, кој

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy