ФИЛИПЧЕ СЕ СОКРИ НА БИХАЌКА ОТКАКО СЕ ОТКРИ ВИСТИНАТА ЗА АЛТА БАНКА Ширеше хистерија, а сега ниту продолжението на надзорната расправа не го закажува
Венко Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
– Со месеци говореа за Давор Мацура и за Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал. Со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор – рече Манасиевски.
Ширеа паника и хистерија дека банката ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без пари, додаде тој.
– Откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Христијан Мицкоски. Бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела. Продолжетокот на истата сè уште не знаат за кога да го закажат бидејќи вистината им се изнесе на виделина – рече Манасиевски.
Ниту банка ќе пропадне, ниту граѓаните ќе бидат оставени на цедило, додаде тој.
– Тоа беше во времето на СДСМ. Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски се на страната на граѓаните, додека Филипче и СДСМ се на страната на криминалот – порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
.
Извор: plusinfo.mk