ЗАГИНА Д-Р МАЛТИНА ФЕРАТИ ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО Таа е една од двајцата загинати во сообраќајната несреќа во Албанија
Со емотивна порака и изрази на длабока тага, Клиничката болница во Тетово се прости од 43-годишната д-р Малтина Ферати, која го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи викендов во Албанија. Нејзината смрт претставува голема загуба за колективот, во кој со години работела посветено како раководителка на Лабораторијата.
Од болницата истакнуваат дека д-р Ферати била посветена на својата професија, одговорна во извршувањето на работните задачи и целосно посветена на пациентите. Покрај стручноста и професионалноста, колегите ќе ја паметат и по нејзината добрина, насмевката, позитивната енергија и подготвеноста секогаш да им помогне на другите.
Нејзиното прерано заминување, како што наведуваат од установата, остава голема празнина меѓу колегите и соработниците, а нејзиниот професионален придонес и спомените што ги оставила ќе продолжат да живеат во историјата на болницата.
Директниот судир меѓу два автомобила се случи во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер. Загинаа двајца, а петмина се повредени.
.
Извор: plusinfo.mk