СЕ ПРЕДАДЕ НАСИЛНИКОТ ШТО ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НИЗ ПРОЗОРЕЦ Битолската полиција ги уапси
Полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во битолската полиција, соопшти МВР.
„Денеска во 12 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него на 11.11.2026 година е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Загрозување при семејно насилство по член 144 став 3 и Телесна повреда при семејно насилство по член 130 став 2 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола, се додава во соопштението.
На 10 ноември во 23 часот, 21-годишна битолчанка пријавила дека истиот ден околу 17 часот била физички нападната од својот партнер К.У. Според пријавата, тој подолг период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани.
Во моментот на пријавувањето осомничениот доброволно пристигнал во СВР Битола заедно со свој родител. Меѓутоа, како што соопшти тогаш полицијата, тој избегал низ отворен прозорец од службената просторија додека полицајците преземале дејствија да го упасат. Полицијата веднаш започнала потрага, а за утврдување на околностите на бегството е вклучена и внатрешната контрола на МВР.
.
Извор: plusinfo.mk