Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стопанска комора смета дека е недозволиво вработените во УЈП да се закануваат со блокади за исплата на платите
Македонија

Стопанска комора смета дека е недозволиво вработените во УЈП да се закануваат со блокади за исплата на платите

28/06/2023

AA

За да не се дозволи повторен економски шок кај компаниите и кај нејзините вработени, кои се главниот носител на македонската економија, а со тоа и главни полначи на државниот буџет, Управниот одбор на Стопанската комора на седницата одржана на 21.6.2023 година, во соработка со Здружението на финансиски организации и со Македонската банкарска асоцијација (МБА), донесе заклучок со конкретни решенија и препорака во однос на најавениот штрајк од вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) и на нивната најава за блокада на исплатата на платите на сите стопански и други претпријатија.

– Не навлегувајќи воопшто во оправданоста на барањата на вработените во УЈП, укажуваме дека тоа е спор меѓу Владата и вработените во органите во нејзин состав и затоа целосно е недозволиво и неприфатливо вработените во УЈП, организирани преку Синдикалната организација, да се закануваат со некакви блокади за исплата на платите на стопанските субјекти и на нивните вработени. Такви закани и мерки може да си преземат спрема вработените во Владата и спрема нејзините функционери, а не спрема стопанските субјекти и спрема нивните вработени, кои се, всушност, главни полначи на државниот буџет, наведува Комората.

Стопанската комора им препорачува на стопанските субјекти, доколку се остварат заканите на УЈП за блокирање на исплатата на платите преку единствениот централизиран систем за плати под контрола на овој државен орган, да ги заштитат своите вработени со исплата на нето-платите во форма на паричен трансфер, без плаќање социјални придонеси и данокот на личен доход.

-Во насока на остварување на целите на своето постоење и застапување на заедничките интереси на членовите, во услови кога државната администрација наместо да ја извршува својата основна функција – да биде сервис за бизнисите и за граѓаните, ги прави нивни заложници, доколку се остварат заканите на вработените во Управата за јавни приходи за блокирање на исплатата на платите преку единствениот централизиран систем за плати под контрола на овој државен орган, во соработка со Здружението на финансиските организации и МБА, им препорачуваме на стопанските субјекти да ги заштитат своите вработени со исплата на нето-платите во форма на паричен трансфер, без плаќање социјални придонеси и данокот на личен доход. Плаќањето на социјалните придонеси и на данокот на доход да се изврши по создавањето на механизамите под контрола на Управата за јавни приходи, со анулирање на делот за ефективна нето-плата за износот на претходно исплатените парични трансфери, потенцира Комората.

Воедно додава дека со оваа активност, најголемата и најбројна бизнис-заедница уште еднаш потврдува дека е во целосна функција на своите членки, компаниите, како и дека нема да дозволи приватниот сектор и неговите вработени да бидат играчка на државната управа.

-Напротив, ние сме конструктивен партнер и моторна сила на нашата економија па затоа ќе се залагаме бескомпромисно, истакнува Комората.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy