Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски: Обезбедувањето можен учесник во напад врз контролната кула добива нов тендер со М-НАВ
Македонија

Стоилковски: Обезбедувањето можен учесник во напад врз контролната кула добива нов тендер со М-НАВ

18/01/2024

AA

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека насилството во М-НАВ докажува дека СДС и ДУИ ниту расчистиле ниту ќе расчистат со бандитизмот.

„Чуварската фирма којашто не само што не спречи, напротив, им отвори порти и врати од автомобилите на тепачите врз контролори за летање, во контролна кула додека десетици авиони имале прелети, во истиот период, од истите директори, добиле нов годишен договор.

Наместо веднаш по инцидентот во стратешки државен објект, по ваков напад, да биде прекинат договорот со обезбедување, и да биде отворен предмет за улогата на обезбедувањето во нападот, државата има нов договор со истата фирма.

Почитувани, кичевската “2сс”, е првата фирма за обезбедување којашто добива тендер за М-НАВ, а само неколку дена пред бандитизмот на ДУИ во контролната кула, има нов договор со старите, сега сменети, директори.

Па оттука;

Која и колкава е улогата на 2сс во нападот врз стратешки објект на државата?

Зошто не е раскинат веднаш договорот по ваков бандитизам?

Но и зошто обезбедувањето не реагирале навремено?

Чија е оваа компанија што обезбедува ваков стратешки објект?

Зошто М-НАВ под ДУИ и СДС се одлучува за приватно обезбедување пред две години, а сега се продолжил договорот со 2сс?

Почитувани, според сведоштва на присутни, јавно е кажано дека токму ова обезбедување ги отворило двете порти (рампи), а еден обезбедувач, дури и се стрчал да ја отвори вратата од џипот со којшто дошле напаѓачите?

Почитувани, поминаа две недели, СДС и ДУИ се обидуваат случајот да исчезне од фокусот и да заврши како сите други бандитизми во државата.
Ова по дефиниција е меѓународен инцидент со можни животозагрозувачки последици.

Компанија која е блиска до ДУИ, и која во време на обезбедувањето на контролата кула и се случува насилство врз контролори на летање на смена, не е логично да продолжи со обврските.

Обезбедувањето, можен учесник во напад врз контролната кула добива нов тендер со М-НАВ.

Состојбата е пресериозна за да се остави на бандитизмот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy