Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА ДЕЛНИЦА Новиот систем треба да ја намали цената на патарините
Македонија

КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА ДЕЛНИЦА Новиот систем треба да ја намали цената на патарините

18/11/2026

AA

Патарините во Македонија би можеле целосно да го сменат досегашниот начин на наплата. Наместо запирање на наплатните рампи и плаќање однапред утврдена сума, возачите во иднина би плаќале според реално поминатите километри. Министерството за транспорт подготвува нов модел со електронска наплата, со кој би се укинале физичките наплатни станици.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека при подготовката на законското решение ќе биде побарана експертска помош од Европската транспортна заедница. Целта, како што посочи, е да се воспостави поправеден и поефикасен систем, кој ќе овозможи побрз проток на возилата, пониски трошоци за корисниците и поголема безбедност во сообраќајот.

Николоски очекува предлог-законот да биде презентиран во текот на декември.

Како пример за неправедноста на сегашниот систем, министерот ја посочи патарината кај Смоквица. Возач кој тргнува од Демир Капија кон Гевгелија плаќа 100 денари, исто колку и оној што доаѓа од Скопје, иако поминува значително подолга делница.

– – Во текот на вчерашниот ден, по враќањето од Виенскиот економски форум, имав средба со новиот претседател на Европската транспортна заедница, кој дојде во Скопје. Ова беше една од главните теми. Ќе вклучиме нивна експертиза и на тој начин би сакале да го изработиме законот имајќи предвид дека Хрватска во регионот се обидува да го примени овој систем, но сè уште го нема почнато. Во моментот почнува примената на обиколницата на Белград и тоа е горе-долу сè што можеме да видиме во регионот. Затоа ни е потребно искуство од понапредни европски држави и затоа сметав дека е корисно да го поканам, да ја презентираме нашата идеја и да вклучиме експерти од Европската транспортна заедница, кои заедно со нашите експерти ќе работат на овој закон – рече Николоски.

Според најавениот план, новиот модел најпрво би се применил на автопатот Кичево – Охрид, за кој министерот очекува целосно да биде пуштен во употреба во мај.

Во следните неколку недели треба да биде пуштен и најтешкиот дел од трасата, на кој се изградени четири галерии, мостови, вијадукти и најдолгите тунели.

По воведувањето на електронската наплата на оваа делница, системот би се проширил и на другите автопатски правци што се градат, меѓу кои Прилеп – Битола, Букојчани – Гостивар, Гостивар – Тетово и Кичево – Букојчани.

Засега станува збор за планиран модел, а конкретниот начин на мерење на поминатите километри, техничкото решение и тарифите допрва треба да бидат утврдени со новиот закон.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА

18/11/2026
Македонија

ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ДВЕТЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА

18/11/2026
Македонија

КОРИДОР 10 ТРЕБА ДА ДОБИЕ „ПАМЕТНИ СИСТЕМИ“ ДО 2028 ГОДИНА

18/11/2026
Македонија

ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИМААТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПРОБЛЕМОТ

18/11/2026
Македонија

📽️ МЕЧКА СРЕДЕ ТЕАРЦЕ Надзорните камери ја фатија на прошетка

18/11/2026
Македонија

🎥 ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Царот Симеон со

17/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ЕВРОПСКА ИДНИНА, ЗАСНОВАНА НА ПРИНЦИПИЕЛНИ ОДНОСИ Мицкоски на

17/11/2026
Македонија

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46821
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ДВЕТЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА Игор Дашковски Стојановски доби

18/11/2026

Казна од 8 месеци затвор и 3.300 евра доби Игор Дашковски Стојановски, кој запали две дипломатски возила на Бугарската амбасада

КОРИДОР 10 ТРЕБА ДА ДОБИЕ „ПАМЕТНИ СИСТЕМИ“ ДО 2028 ГОДИНА Забрзано се спремаат услови за

18/11/2026

Коридорот 10, од Табановце до Гевгелија, треба да добие интелигентен систем за следење и управување со патниот сообраќај најдоцна на

ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ИМААТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ПРОБЛЕМОТ ВО КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА

18/11/2026

Членовите на Советот на Општина Крива Паланка од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се свика вонредна седница на која ќе презентираат акциски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy