ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ Тешко повреден 35-годишник од Струмица
35-годишен маж од Струмица е тешко повреден, откако автомобил „Мерцедес“ што го паркирал сам се придвижил, удрил во него, а потоа и во друго возило. Несреќата се случила на улицата 5 Ноември во Струмица.
Според информациите од полицијата, Џ.Ш. ги паркирал автомобилите „Пежо“ и „Мерцедес“, со струмички регистарски таблички, еден зад друг. Но, при паркирањето не ги презел сите потребни мерки за возилата да останат безбедно запрени.
Во еден момент „Мерцедесот“ сам се придвижил и го удрил 35-годишникот, а потоа удрил и во „Пежото“ паркирано пред него.
По несреќата, повредениот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде лекарите му констатирале тешки телесни повреди. Полицијата извршила увид на местото на настанот.
.
Извор: plusinfo.mk