ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ДВЕТЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА Игор Дашковски Стојановски доби и парична казна од 3.300 евра
Казна од 8 месеци затвор и 3.300 евра доби Игор Дашковски Стојановски, кој запали две дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје
Пресудата за палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје му донесе осуммесечна затворска казна и парична глоба од 3.300 евра на Игор Дашковски Стојановски (44).
Тој беше прогласен за виновен за загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита откако претходно ја призна вината. Пред судот изјавил дека сам одлучил да ги полие возилата со бензин и да ги запали. Инцидентот се случи на 15 јуни годинава.
Палењето на дипломатските автомобили предизвика остри реакции од македонските власти и дополнително ги заостри односите и политичката реторика меѓу Скопје и Софија.
.
Извор: plusinfo.mk