Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојаноски: Минималната плата мора да расте одржливо, не по цена на економски шок
Македонија

Стојаноски: Минималната плата мора да расте одржливо, не по цена на економски шок

28/02/2026

AA

Зголемувањето на минималната плата треба да се темели на реални економски параметри и одржливи модели, а не на, како што беше оценето, нереални барања што можат да создадат сериозни финансиски последици. Ова го истакна пратеникот Бојан Стојаноски во гостување на „Ноќно студио“ на 4TV.mk.

Тој нагласи дека Владата се залага за подобрување на животниот стандард, но преку пристап што нема да ја продлабочи сивата економија и нема да предизвика нарушување на фискалната стабилност.

Стојаноски посочи дека евентуално прифаќање на предлогот за минимална плата од 600 евра во овој момент би било сериозен товар за буџетот.

Според него, согласно Општиот колективен договор, секое зголемување на минималната плата повлекува линеарно покачување на платите во државната администрација.

„Ако минималната плата порасне на 600 евра, тоа е раст од 61%. За да се покрие ова покачување низ целиот јавен сектор, на државата ќе ѝ бидат потребни околу милијарда и 250 милиони евра дополнителни средства,“ предупреди Стојаноски.

Тој додаде дека ваквиот чекор би значел или откажување од капитални инвестиции како патишта, училишта и болници, или ново задолжување во период кога, како што рече, државата треба да врати околу 6 милијарди евра стари долгови во наредните три години.

Покрај буџетските импликации, според Стојаноски, сериозен притисок би се создал и врз приватните компании. Тој оцени дека наглото зголемување на платите може да ги стави работодавачите пред избор меѓу затворање на фирмите, отпуштање на работници или неформални исплати.

„Нашиот интерес не е фиктивна плата на хартија, туку реални пари на сметката на работникот. Вештачкиот раст само ќе ја зголеми сивата економија,“ изјави тој.

Во своето излагање, Стојаноски упати критики и кон опозицијата, оценувајќи дека не понудила кредибилни решенија во изминатите години. Тој го спомена и претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, во контекст на, како што рече, променливите барања за висината на минималната плата.

„Пред само две години минималната плата беше 400 евра. Сега се бараат 600, па се закануваат со 700 евра. Тоа не е економска логика, туку политички притисок. Ние велиме: нека седнат работниците и работодавачите, нека се договорат колку едните можат реално да исплатат, а ние како Влада ќе го гарантираме тој договор,“ заклучи Стојаноски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нов систем за лекови за ретки болести: Пациентите да не

28/02/2026
Македонија

Пет години затвор за Македонец во Швајцарија

28/02/2026
Македонија

80-годишен возел во спротивен правец на автопатот Тетово-Скопје, полицијата го

28/02/2026
Македонија

Градоначалникот на Крива Паланка со реакција по обвинувањата: АХВ да

28/02/2026
Македонија

Стојаноски: На нас ни одговара што е можно повисока минимална

28/02/2026
Македонија

СОНЧЕВ ВИКЕНД ВО МАКЕДОНИЈА Во котлините утринска магла

28/02/2026
Македонија

Миноски: Одлуката за минимална плата од 600 евра бара темелна

28/02/2026
Македонија

Стојаноски: Минималната плата мора да расте одржливо, не по цена

28/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42055
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нов систем за лекови за ретки болести: Пациентите да не чекаат ниту ден!

28/02/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави промена во постапката за обезбедување лекови за пациентите со ретки болести, со цел навремена и

Пет години затвор за Македонец во Швајцарија

28/02/2026

Окружниот суд во Бремгартен донесе пресуда со која 29-годишен државјанин на Северна Македонија е осуден на пет години затвор поради

80-годишен возел во спротивен правец на автопатот Тетово-Скопје, полицијата го приведе!

28/02/2026

На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy