Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов систем за лекови за ретки болести: Пациентите да не чекаат ниту ден!
Македонија

Нов систем за лекови за ретки болести: Пациентите да не чекаат ниту ден!

28/02/2026

AA

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави промена во постапката за обезбедување лекови за пациентите со ретки болести, со цел навремена и континуирана достапност на терапијата.

Одговарајќи на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција, Алиу истакна дека за првпат во државата се воведува тригодишна постапка за набавка на лекови за оваа категорија пациенти.

Тој посочи дека досега лековите се набавувале на годишно ниво, што често резултирало со доцнење во испораката, па пациентите понекогаш чекале по неколку недели или месеци за потребната терапија. Како што објасни, ретките болести се сè почести и кај нас и во светот, особено поради напредокот на технологијата и методологијата за рана детекција.

Дополнителен предизвик, според министерот, претставува фактот што дел од пациентите се млади, а терапијата се одредува според телесната тежина и други индивидуални параметри, што ја отежнува прецизната годишна проекција на потребните количини лекови.

Со новата методологија, тендерската постапка ќе се отвора за период од три години. Доколку во текот на тој период се потрошат поголеми количини од планираните, Министерството ќе има доволно време да започне дополнителна постапка, со цел да не дојде до прекин во снабдувањето.

Алиу нагласи дека целта на измените е пациентите со ретки болести да ја добиваат терапијата навреме и без прекини, потенцирајќи дека институциите нема да дозволат ниту еден пациент да остане без потребните лекови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драматичен пад на нивото на Дунав ја загрозува романската нуклеарка:

11/08/2026
Македонија

ДУИ го кандидара Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44959
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драматичен пад на нивото на Дунав ја загрозува романската нуклеарка: Се продлабочува речното корито за

11/08/2026

Романските власти започнаа итни зафати за продлабочување на коритото на реката Дунав со цел да се зголеми протокот на вода

ДУИ го кандидара Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026

Демократската унија за интеграција (ДУИ) официјално објави дека Аркин Јахији ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy