Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градоначалникот на Крива Паланка со реакција по обвинувањата: АХВ да го спроведе правосилното решение за одземање добиток
Македонија

Градоначалникот на Крива Паланка со реакција по обвинувањата: АХВ да го спроведе правосилното решение за одземање добиток

28/02/2026

AA

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, одржа прес-конференција по обвинувањата изнесени од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на која побара итно спроведување на правосилното и извршно решение донесено на 5 март 2024 година.

Како што истакна Митовски, со наведеното решение е изречена мерка за одземање на добиток согласно член 36 од Законот за заштита и благосостојба на животните. Според него, решението е правосилно и извршно од април 2024 година, но досега не е реализирано.

Во своето обраќање нагласи дека обидите за префрлување на одговорноста кон општината се правно неосновани и не ја менуваат фактичката состојба, бидејќи надлежноста за донесување и спроведување на мерката е исклучиво на АХВ. Општината, како што посочи, нема законска основа да ја преземе таа надлежност.

Митовски потенцираше дека институционалната одговорност не може да се релативизира преку јавни соопштенија, особено ако се има предвид дека проблемот со добитокот со години предизвикува штети во Крива Паланка. Според него, последиците се одразуваат врз јавните површини, приватниот имот, безбедноста во сообраќајот и благосостојбата на животните.

Општината, како што беше посочено, останува подготвена да обезбеди логистичка и кадровска поддршка за спроведување на решението, но нема да ја преземе законската надлежност на државна институција.

Градоначалникот јавно порача дека времето за меѓуинституционално препукување е завршено и дека се очекува постапување на терен согласно правосилното и извршно решение. Целосната прес-конференција е достапна во прилог на соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски: Пад на употребата на антибиотици, „дијазепам“ и „метформин“ меѓу

25/06/2026
Македонија

Младите заминуваат, инвестициите чекаат: Македонија сè уште нема одговор на

25/06/2026
Македонија

Во вторник ќе се знаат кадровските измени во Владата

25/06/2026
Македонија

ИСТОРИЈА ВО ЛОНДОН: Лина Ѓорческа е првата Македонка на Вимблдон!

25/06/2026
Македонија

Мицкоски до Филипче: Виновен сум што не сте во затвор,

25/06/2026
Македонија

Филипче до Мицкоски: Вашата опсесија со поранешни функционери е за

25/06/2026
Македонија

Нови правила за електричните тротинети: Само над 18 години и

25/06/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, тројца возеле без

25/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Клековски: Пад на употребата на антибиотици, „дијазепам“ и „метформин“ меѓу најбараните лекови во Македонија

25/06/2026

Во Македонија за првпат е забележано намалување на употребата на антибиотици, додека „метформин“, „пантопразол“ и „дијазепам“ и понатаму остануваат меѓу

Младите заминуваат, инвестициите чекаат: Македонија сè уште нема одговор на демографската криза

25/06/2026

Исселувањето на младите и намалувањето на населението се меѓу најголемите предизвици за Македонија. Националната развојна стратегија 2024-2044 јасно укажува дека

Во вторник ќе се знаат кадровските измени во Владата

25/06/2026

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во вторник, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат соопштени кадровските решенија и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy