Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Миноски: Одлуката за минимална плата од 600 евра бара темелна економска анализа
Македонија

Миноски: Одлуката за минимална плата од 600 евра бара темелна економска анализа

28/02/2026

AA

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, каде говореше за актуелните економски предизвици, состојбата со ликвидноста на компаниите, најавеното зголемување на минималната плата и потребата од унапредување на деловната клима.

Минималната плата и состојбата со ликвидноста

Осврнувајќи се на предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, Миноски посочи дека прашањето не треба да се разгледува изолирано, туку во поширок економски контекст.

Тој нагласи дека структурата на кредитната задолженост на компаниите укажува на одредени слабости во нивната финансиска стабилност.

„Доколку се анализира структурата на кредитите, ќе се види дека 30–40% од кредитите на компаниите се краткорочни, што укажува на сериозни проблеми со ликвидноста“, истакна Миноски.

Според него, овој податок покажува дека дел од фирмите функционираат под постојан финансиски притисок, што бара внимателност при носење одлуки кои директно влијаат врз нивните трошоци. Тој потенцираше дека ваквите чувствителни прашања треба да се темелат на сеопфатни анализи и јасни методологии, со проценка на ефектите врз сите засегнати страни.

Култура на неплаќање и меѓусебно долговање

Миноски укажа и на проблемот со доцнење на наплатата и меѓусебното долговање меѓу компаниите.

Според него, во пракса постојат случаи каде што наплатата на побарувањата доцни со години, што создава неизвесност и дополнителни финансиски трошоци за фирмите. Тој наведе пример на домашен бизнисмен кој дел од своето работење го проширува во Косово, Албанија и Србија, каде наплатата, според неговите информации, се одвива поредовно и со помалку застои.

Миноски додаде дека постојат и судски постапки во кои компаниите не успеваат навремено да ги наплатат своите побарувања, што негативно влијае врз довербата во системот.

Потреба од институционални решенија

Како дел од можните решенија, тој посочи дека покрај унапредување на деловната култура, неопходни се и посилни институционални механизми.

Меѓу мерките што ги издвои се:

Поголема транспарентност преку кредитни бироа, со цел компаниите да имаат подобар увид во бонитетот на деловните партнери;

Воведување извршни клаузули во договорите за побрза наплата без долготрајни судски постапки;

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46900
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и на можни одрони

23/11/2026

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози, а во западните делови од земјата, на некои повисоки места,

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави посебен закон и услов за

23/11/2026

Владата подготвува специјален закон со кој градежните компании ќе бидат обврзани да понудат станови со 20 отсто попуст за млади

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат нападите и заканите, најавени се

23/11/2026

Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите, нов меѓуинституционален механизам чија цел е подобрување на безбедноста на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy