Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани? – Кочоска врати: Владата брзо реагираше по несреќата!
Македонија

Спасовски: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани? – Кочоска врати: Владата брзо реагираше по несреќата!

29/05/2025

AA

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, кое се однесуваше на одлуката да изврши исплати на средства од Буџетот на државата на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани и ако има таква одлука – колку средства се исплатени на семејствата на загинатите и повредените.

„Прво, имам реакција во однос на присуството на членовите на Владата. Имаме обврска денес, односно тие имаат обврска да бидат присутни на седницата. Имаме известување само од двајца министри дека не можат да присуствуваат и дека ќе бидат нивните заменици. Меѓутоа, гледаме и повеќе министри коишто не се присутни, ниту има заменици, за да можеме да ги поставиме пратеничките прашања.

Во однос на првото прашање, сакам да споделам неколку информации. Се однесува на настанот од Кочани – она што се случи како трагедија, во која имаме 62 загинати и над 250 повредени лица. Во овој дел, знаеме дека граѓаните покажаа сериозна солидарност – беа отворени сметки на кои се уплаќаа финансиски средства од граѓаните како помош за настраданите. Тие финансиски средства, пред сè, беа на сметките кои ги имаше отворено Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Според последното соопштение, стои дека за настраданите од пожарот во Кочани се собрани досега 156.542.967 денари, и тоа заклучно со 23.05.2025 година. Во неколку наврати, Црвениот крст има извршено исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејства на починати лица во вкупен износ од 52.038.593 денари, од кои:

• за настраданите лица кои се на лекување во странство: 44.163.258 денари,

• за оние кои се лекуваат во земјава: 11.247.250 денари.

Вкупно досега исплатени: 107.449.101 денари.

Преостанати средства: 46.593.866 денари – на сметката на Црвениот крст.

Притоа, во соопштението се укажува дека сега ќе се направат консултации со надлежното министерство за да се утврди – зависно од степенот на повредите – колку финансиски средства и на кои лица и семејства ќе им бидат исплатени.

Моето прашање до министерката за финансии гласи:

Дали досега е донесена одлука да се извршени исплати на средства од Буџетот на државата на семејствата на починатите или на повредените, и ако има таква одлука – колку средства се исплатени за оваа намена?“, истакна Спасовски.

На ова веднаш врати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која истакна дека Владата преку централниот буџет за настраданите во пожарот во Кочани обезбеди 30 милиони денари од кои кон семејствата на повредените кои беа испратени на лекување во странство се исплатени 11,2 милиони денари.

Дополнителна финансиска поддршка која беше исто така координирана од Владата се исплаќа преку Црвениот крст од средствата коишто беа собрани преку отворената линија за донации. 

„Владата на Република Македонија многу брзо реагираше во оваа ситација.Од Буџетот за настраданите се обезбедени 30 милиони денари и досега се исплатени 11,2 милиони денари за повредените во странство. Преку Црвениот крст се собрани над 100 милиони денари, активност што се спроведуваше во координација со Валдата и беше во моментот единствениот најбрз можен начин да се соберат средства и да се излезе во пресрет на семејствата на настраданите. Затоа одевме со две постапки, од кои едната беше со Црвениот крст каде што и ние сите како функцинери и пратеници од владеачкото мнозинство, а и опозицијата сме донирале“, рече министерката.

Таа потенцира дека покрај оваа директна поддршка дополнително се обезбедува преку ФЗОМ за лекување на повредените кај кои има многу тешки повреди и лекувањето ќе биде долго.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА

07/10/2026
Македонија

ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка

07/10/2026
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието

07/10/2026
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
Македонија

НАМЕСТО ЧИПСОВИ, СМОКИ И БИСКВИТИ, ПОВЕЌЕ КРУШИ, ЈАБОЛКИ И БАНАНИ

07/10/2026
Македонија

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП ЌЕ ПОЧНЕ ВО ОКТОМВРИ Обезбедени се 56.000

07/10/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД БЕЛГИЈА ВО БИТОЛСКО Заминaла од домот

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА Дефицитот останува ист, се приспособуваат

07/10/2026

Владата соопшт дека денеска го усвоила Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година, со кој приходите и

ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка за ЕУ, Скопје очекува засилен

07/10/2026

Јоанис Малукос е новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Грција во Македонија. Тој денеска ѝ ги предаде акредитивните писма на

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието го додели Министерството за култура

07/10/2026

Limak Skopje Luxury Hotel е прогласен за „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“, во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy