Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАМЕСТО ЧИПСОВИ, СМОКИ И БИСКВИТИ, ПОВЕЌЕ КРУШИ, ЈАБОЛКИ И БАНАНИ Училиштата ќе добија налог да им даваат поздрава храна на учениците
Македонија

НАМЕСТО ЧИПСОВИ, СМОКИ И БИСКВИТИ, ПОВЕЌЕ КРУШИ, ЈАБОЛКИ И БАНАНИ Училиштата ќе добија налог да им даваат поздрава храна на учениците

07/10/2026

AA

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа истакна дека МОН, заедно заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации со коишто соработува, направило истражување за да се види како се хранат учениците во Македонија.

– Утврдивме неправилности, па поради тоа ќе произлезат препораки кои училиштата ќе ги добијат за децата здраво да се хранат. Јас разбирам дека дечињата повеќе можеби сакаат чипсови, смоки, бисквити, но еве им препорачувам и од овде на сите присутни дека една круша, едно јаболко, една банана се подеднакво здрава исхрана, но за тоа ќе треба да водат сметка и училиштата и општината за да им овозможат такво нешто – рече Јаневска.

Прашана и дека училиштето „Димитар Влахов“ во Штип, каде се пушти во употреба реконструираната спортска сала, е и прво училиште во Општината кое заедно со родителите донесеа одлука за забрана на мобилни телефони, министерката Јаневска вели дека многу училишта во Македонија веќе ја забрануваат употребата на телефоните – всушност не употребуваат телефони.

– И во многу училишта пред час телефоните се ставаат на страна и тоа сметам дека е во ред, затоа што вниманието на децата треба да биде посветено на учењето, на наставникот, на книгата пред нив. Постои исклучок – ние многу опрема набавивме, и паметни табли, и таблети, и компјутери, и лаптопи, и поставуваме мрежа за безжичен интернет со забрана за недозволени сајтови, но може да има исклучок, каде што во одредени средини децата ќе треба да ги употребат телефоните за да сработат некоја наставна тема. Но, тоа треба да биде строго контролирано од наставникот и после тоа тие да ги вратат таму каде што нема да им бидат достапни, рече Јаневска по пуштањето на употребата на спортската сала во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип.

Директорот на ООУ „Димитар Влахов“-Штип, Дејан Здравков вели дека ефектите од заедничката одлука со родителите за некористење на мобилните телефони и да не се внесува нездрава храна се гледаат веќе во меѓусебната комуникација на учениците.

– Ефектите од забраната на нездрава храна и телефони се премногу позитивни, супер значи. Добиваме повратни информации и од родителите, и од наставниците, и од самите деца. Подобрена е комуникацијата, физичката комуникација. Не одат веќе со наведени глави по ходниците и по училишниот двор.​ Тоа беше договорено во согласност на Советот на родители. Во текот на летниот распуст имавме повеќе состаноци и заедно го договоривме. ​Истото се однесува и за здравата храна. Забранивме некои чипсови, грицки, обоени нездрави сокови и така натаму, енергетски пијалоци. Истото беше договорено со Советот на родители во соработка со локална пекара. Значи тие самите си одбраа мени со што ќе се хранат нивните деца – изјави Здравков.

​Тој посочи дека во оброкот за учениците спаѓаат по две-три работи и во три дена од неделата е застапено сезонското овошје. Во зависност од сезоната, такво овошје им се дава.

– Плус дали е сокче, дали е јогурт или некоја кифла, ѓеврек, значи некое друго пециво.​ Значи менито си го избраа самите родители, Советот на родители – рече Здравков.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
Македонија

НАМЕСТО ЧИПСОВИ, СМОКИ И БИСКВИТИ, ПОВЕЌЕ КРУШИ, ЈАБОЛКИ И БАНАНИ

07/10/2026
Македонија

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП ЌЕ ПОЧНЕ ВО ОКТОМВРИ Обезбедени се 56.000

07/10/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД БЕЛГИЈА ВО БИТОЛСКО Заминaла од домот

07/10/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД БЕЛГИЈА ВО БИТОЛСКО Заминила од домот

07/10/2026
Македонија

ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ НА БИТОЛСКИОТ ОБВИНИТЕЛ КОЈ ПРИМАЛ МИТО Влијаел кај

07/10/2026
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА НЕМАЛО НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ВАКЦИНАТА БСЖ Во тек

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46034
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ Порака од Мицкоски до опозицијата

07/10/2026

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија,

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во Аеродром, Центар и Кисела Вода

07/10/2026

Полицијата уапси 32-годишен скопјанец во Гази Баба, кој се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди во Скопје. Станува

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП ЌЕ ПОЧНЕ ВО ОКТОМВРИ Обезбедени се 56.000 вакцини

07/10/2026

Бесплатната вакцинација на населението против сезонски грип ќе почне месецов, соопшти министерот за здравство, Сашо Клековски. – Направивме вонредни напори

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy